Спасовски денес соопшти дека влегуваме во сложен период и прогнозираше колку заразени ќе има

0

Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8.4.2020, од 16 часот

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително, За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Министерот за Здравство, Венко Филипче заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски, денес одржаа прес-конференција:

Почитувани граѓани, ние живееме во едно поинакво време. Светот се бори со невидлив непријател, тој не е веќе ист како што го паметиме. Ние исто така, како држава и граѓани го живееме ова време.

Влегуваме во фаза во која ги очекуваме најголемите предизвици. За жал, ќе има многу заразени и жртви. Ние како земја сеуште го немаме достигнато најлошото. Пикот го очекуваме во следните две недели. Ќе имаме меѓу две и двеипол илјади заразени. Такви се проценките.

Мораме да се подготвуваме на најлошите прогнози. Поради тоа денес ги донесовме овие построги мерки.

Почитувани граѓани, оваа година Велигденските и Рамазанските празници ќе ги поминеме дома. Нема да одиме по верските објекти и нема да оди на гости. Тоа ќе го зајакне нашиот дух и нашата верба. Не смееме да се доведуваме во опасност, како ни нашите роднини.

Претходна статија,,Ви се обраќам Вам министре или ГЕНЕРАЛЕ” – докторка од Скопје му пиша на Филипче
Следна статијаПо вчерашниот висок скок, денес значајно намален број на нови заразени со Корона