По вчерашниот висок скок, денес значајно намален број на нови заразени со Корона

0

Денес од 15:30 часот прес конференција одржаа на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Како штое познато, владата денеска донесе одлука за скратување на полицискиот час кој почнува од среда (8. април). Полицискиот час ќе трае од 16 до 05 часот, но има посебни мерки за лицата над 67 годишна возраст, и на лицата под 18 години.

За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Аптеките и сите здравствени институции ќе работат и во текот на полицискиот час.

Утрово од Венко Филипче беше потенцирано за бремените жени треба да ги практикуваат истите мерки на претпазливост како и другите луѓе. Сите бремени жени, вклучувајќи ги и оние со потврдена или сомнителна зараза со COVID-19, имаат право на висококвалитетна нега пред, за време на и после породувањето. Под нега во овој контекст се подразбира предпородилна нега, нега за новороденчето, постпородилна нега, интрапартална нега и грижа за менталното здравје.

За да едно мајчино искуство со породување биде оценето како безбедно и позитивно, потребно е:

Со жената да се постапува со почит и достоинство;

За време на породувањето да може да биде присутен некој(а) кого жената ќе си го избере;

Жената да добива јасни пораки или насоки од вработените во породилиштето;

Да има соодветни стратегии за ублажување на болките;

Секаде каде е тоа остварливо, да им се обезбеди на жените можност да бидат подвижни за време на трудовите, како и позиција за раѓање по нивен избор.

При сомнителен или потврден случај на COVID-19, здравствените работници ги преземаат сите мерки на претпазливост со цел да го намалат ризикот по себе и другите, вклучувајќи хигиена на рацете и соодветно користење на заштитна облека од типот на ракавици, скафандер и медицинска маска.

Свое обраќање денес имаше и Министерот за здравство, Венко Филипче кој ги изнесе информациите за последните 24 часа, поврзани со корона вирусот.

„Тројца пациенти последните 24 часа починаа од кои едно лице од Кочани на 40 годишна возраст без познати минати болисти, лице од Тетово на 69 годишна возраст со претходна состојб тумур, 65 од тетово без познати други боелс. Пуштени се денес четири оздравени пациенти од Инфективна и уште три од Дебар кои беа на домашно. До утрово 10 нови, 70 вкупни, 8 на механичкаиа. Денес регистирани се нови 15 случаи на заразени од вирусот.

Бројот на заразени пациенти ќе расте, па затоа и денес владата донесе нови мерки. Апелирам до сите да ги почитуваат мерките и само така ќе го намалиме бројот на заболени.

Претходна статијаСпасовски денес соопшти дека влегуваме во сложен период и прогнозираше колку заразени ќе има
Следна статија(ВИДЕО) Србите кои се во карантин на саемот со алкохол и фолк музика се лечат од корона