Членот на жирито на шоуто „Гранд“ Ѓорге Давид, рече дека поради природата на неговата работа многу патувал а тоа значело и контакти со многу луѓе. Тој често доаѓал и во Македонија и се фотографирал и разговарал со многу луѓе.
Направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 јануари низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа.
А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав-вели Давид.
Рок пејачот и членот на жирито во„Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид на својот „Инстаграм“ соопшти дека е заразен од коронавирус.
Прво, тој објави дека чувствувал симптоми на вирусот и се наоѓа во болница каде му биле направени неопоходните прегледи и тест за корона кој бил позитивен, а пејачот е заразен од „Ковид 19“.
„За жал, потврдено ми е дека има Ковид 19. Не разбирам. Очаен сум. Вирусот ќе помине. Но…болница. Пекол. Како да си во зат вор. Во војска. Луѓе, чувајте се…ве молам“ напиша тој на Инстаграм и од неговите колеги веднаш доби коментари со поддршка и желба за брзо закрепнување.
Тој сега е сместен е на пулмологија во Клиничкиот центар во Белград и многумина изненади со изјавата дека многу познати кријат дека се зарзени, а дека тој е еден од оние храбрите кој истапи и ја кажа вистината.
„Многумина познати кријат дека се заразени, а лежат со мене во болница“- наводно рекол тој, пренесува Информер. Остана непознато кои јавни личности се во прашање.
Ѓорге Давид, вели дека поради природата на неговата работа многу патувал, а тоа значело и контакти со многу луѓе. Тој често доаѓал и во Македонија и се фотографирал и разговарал со многу луѓе.
Направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 јануари низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа.
А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав – вели Давид.