Апасиев: Окупатори да бевте, па ќе имавте поише емпатија за овој народ

0

Од политичката партија Левица вечерва преку своите профили на социјалните мрежи се огласија и притоа го напишаа следново:

ОДЛУКА ЗА ИЗДАВАЊЕ КНИЖНИ ПАРИ СО ИЗМЕНЕТИ БЕЛЕЗИ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Наместо донесување на сериозни одлуки за амортизирање на финансискиот колапс, што во последниов период се случува во целиот економски сектор, а најпогодени се работниците и сиромашните, во време на вонредна состојба советот на Народната банка на Република Македонија донесува одлука за изменување на одредени белези на банкнотите?

Гувернерот и претседавач на Советот на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, донесува Одлука со која, меѓу другите измени, ќе се печатат пари на кое ќе фигурира името “Северна Македонија” и “Народна Банка на Северна Македонија”!?

Во период на можеби најголеми предизвици од осамостојувањето до денес, колку средства ќе треба да се издвојат дополнително од буџетот за спроведување на оваа одлука?

Остануваме запрепастени од несериозноста на институциите кои тотално ги имаат испревртено приоритетите во една ваква деликатна ситуација.

Ова свое соопштени на својот личен профил на фејсбук го сподели лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој дополнително додаде:

У време на првата вонредна состојба која се заканува да ја колабира нашата испокрадена Република, они носат одлука за ставање на илегалното прошверцувано име СЕВЕРНА на банкнотите!? Окупатори да бевте, па ќе имавте поише емпатија за овој народ.

У време на првата вонредна состојба која се заканува да ја колабира нашата испокрадена Република, они носат одлука за…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Неделя, 5 април 2020 г.

Ја стварно не ја сфаќам ЕФИКАСНОСТА со “справувањето со ситуацијата”!?

Цел систем е фокусиран на телефонско лечење од корона; тестови од 15 ЕУР си ги фактурираат како 90 ЕУР; на стари лица не им иде Брза помош додека не умрат дома; медицински сестри и лекари чекаат донации на визири од нивни колеги-активисти, пошто државата “нема пари” за нив, ама има за СЈО; народот е оставен на милост и немилост на лихвобанкарите; се е стаено на стенд-бај, коо да нема више други болести…

Ама важно, се ќарат провизии од “хуманитарни летови”, се вработуваат и последните партиски ботови у администрација и министерот е достапен за секое новинарско прашање.

Ја стварно не ја сфаќам ЕФИКАСНОСТА со "справувањето со ситуацијата"!? Цел систем е фокусиран на телефонско лечење од…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Неделя, 5 април 2020 г.

Претходна статијаЃорге Давид: Многу познати од естрада лежат со мене и кријат дека се заразени
Следна статијаОва е лоша навика поради која го зголемувате ризикот да ,,закачите” Корона