Јоци: Голема е веројатноста да се свика парламентот и ВМРО да добие мандат за состав на нова влада

0

Интересна анализа на идните политички случувања во нашата земја, направи новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

Според неа, многу е веројатно доколку се прогласи вонредна состојба поради Корона вирусот, да се свика стариот состав на парламентот, да се одложат изборите и да се даде мандат за состав на влада на партијата со најголем број пратеници, а тоа е ВМРО.ДПМНЕ:

,,За утре е закажан Совет на безбедност кај Претседателот Стево Пендаровски. Останува да видиме дали ќе останеме на кризна состојба или вонредна.
За време на вонредна, се зголемуваат овластувањата на Претседателот.

Со оглед дека Македонија досега не се соочила со вакво нешто, предизборие со техничка Влада која има ограничени овластувања и не може да се носи соодветно со ситуација во поглед на економија на пример, притоа со можност за вонредна состојба, а со предлог за одложување на избори, останува да видиме дали Пендаровски ќе прогласи, а Собранието ќе се состане повторно и ќе избере нова редовна Влада до завршување на вонредната состојба и новиот рок на избори. Секако, се` е ова ново за Македонија.

Во ваков случај, доколку Собранието се состане и реши да гласа нова Влада, мандатот се дава на партијата со најмногу пратеници. А, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Да формираат нова Влада, на пример со ДУИ, што би било катастрофа во ваков период да се изместат политичките сили. Ете, за тоа некои нивни перјаници навиваат.

ВМРО со ДУИ имаат 61 пратеник и тоа го прави Собранието способно за работа.”

Сепак, Јоци заборава дека од партијата ВМРО-ДПМНЕ се исклучени осум пратеници, кои во меѓувреме влегоа во неформална коалиција со СДСМ и партиите кои беа на власт изминатите три години.

Тешко е веројатно сега тие да се вратат во старото јато, но во политиката не е ништо невозможно. Останува да видиме што ќе се случува, веќе во следните неколку денови.

Претходна статијаГерманија со драстични мерки: Објавено што ќе биде од утре во 8 часот изутрина
Следна статијаВучиќ не му ја мислеше многу – во Србија прогласена вонредна состојба: ,,Добредојдени се само Кинезите”