МНР објави каде треба да се јават државјани на Македонија кои се заглавени по граници и аеродроми

0

Порталот Курир утрово известува дека македонски патници од утрово се заглавени на аеродромот во Малта без никаква најава, а авиокомпанијата Визер е единствената компанија која од овој аеродром го откажал летот кон нашата земја.

Македонците побарале помош и од Министерството за надворешни работи и од македонската амбасада во Рим, но од таму никој не им одговарал на повиците за помош.

Во разговор за КУРИР тие велат дека во моментов тие се оставени само да чекаат, а не смеат да го напуштат аеродромот, ниту да купат храна.

Дел од македонските патници се обиделе да најдат алтернатива како да се вратат дома, па чекираат карти до други држави, а со тоа движењето во време на коронавирус е уште поопасно.

Инаку Малта не откажала ниту еден друг лет денес, а патниците бараат и помош од нашата држава за побрзо враќање дома.

Стигна реакција од Министерството за надворешни работи на Република Северна МАкедонија.

Во рамките на Министерството за надворешни работи е формирано координативно тело за помош и поддршка на државјаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот (COVID-19).

МНР укажува дека сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација: +389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp), +389 75 446 647 (редовна линија), +389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp). Електронска пошта: [email protected]

МНР еднаш апелира, врз основа на официјалните мерки и препораки, сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Претходна статијаНајнов прес на Филипче – има ново заразени, меѓу нив и 15 годишно момче
Следна статијаБерниса од Скопје: Другари, додека го пиете еспресото помислете дека нечии мајки и татковци деноноќно работат