Најнов прес на Филипче – има ново заразени, меѓу нив и 15 годишно момче

0

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги објави најновите податоци за состојбата на пациентите заболени од коронавирус.

Тој кажа дека меѓу пацинтите кои се веќе регистрирани, има 15 годишно момче од Дебар. Жената која беше прва заболена од овој град е во тешка здравствена состојба. Се очекуваат резултатите на новотестираните сомнителни случаи.

Во овој момент ги очекуваме од Дебар да пристигнат новодијагностицираните четири пациенти. На клиника се уште се уште се оние кои беа вчера. Првозаразената пациентка во понеделник ќе биде испишана и пуштена на домашно лекување, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Дополнително се влоши состојбата на првата пациентка од Дебар, ставена е на машина со мехачничка вентилација. 15-годишно момче е едно од новозразените од Дебар.

Во овој момент се тестираат 7 лица, 6 се од Дебар.Една пациентка од Скопје, 7 од Дебар двајца првите сопружници, три плус двајца во врска со втората група на контакти меѓу членови од семејството и четворицата коишто сега ги очекуваме да стигнат од Дебар. Вкупната бројка на дијагностицирани, заболени е12.

Во моментов за коронавирус се тестираат седум лица, шест од Дебар и еден странец за кој тестирањето е преку Центарот за јавно здравје во Битола. Ќе бидат тестирани уште две лица кои биле во Шпанија и се пријавиле дека имаат покачена телесна температура.

Во Дебар болницата е организирана така што епидемилогот, инфектолози се на располагање за сите пациенти од овој регион. Ќе работат во една или две смени. Ќе бидат на повик континуирано.

Одговорно лице за организацијата е директорот на дебарската болница. Има посебно одделение со посебен влез каде се упатуваат сите пациенти кои ќе имаат симптоми слични на грип“, кажа Филипче.

Претходна статијаЗоран Вујчиќ, најпознатиот хемичар од Србија со совети што да се употребува за дезинфекција
Следна статијаМНР објави каде треба да се јават државјани на Македонија кои се заглавени по граници и аеродроми