Чулев јасно порача: Ќе ја затвориме границата

0

Министерот за внатрешни работи Наке Чулев при денешната посета на СВР Тетово соопшти дека во случај да се појави на нов бран на мигранти на јужната граница, Македонија истата ќе ја затвори.

Македонија е во постојана комуникација со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од ЕУ. Македонија дефинитивно ќе ја затвори границата. Ние имаме капацитети во однос на претходната мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени, а имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница каде во моментов имаме 131 полицаец од 8 држави.

Имаме и материјално-технички средства и ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата граница и да спречиме евентуален нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава а со тоа и кон ЕУ. На јужната граница во моментов состојбата е стабилна и без посебни нарушувања.

Ние внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница и за таа цел Управувачкиот комитет донесе одлука да се зголеми бројот на полициските сили на јужната граница а истовремено е зголемен и бројот на армиските сили, изјави министерот Чулев.

Одејќи пеш по железничката пруга, десетина мигранти синоќа околу полноќ стигнаа во Велес. Сакале тивко, далеку од очите на жителите на градот да го поминат и да продолжат кон северната граница.

Ги забележала хуманитарката Ленче Здравкин која живее веднаш до пругата и ги повикала во нејзиниот двор. Изнемоштени, нечисти, гладни, жедни и повредени, внимателно ја прескокнаа оградата и ја прифатија нејзината понуда, објави Телевизија 24.

Откако минатата недела Турција ја отвори границата за мигрантите, тие се едни од ретките кои имале среќа илегално да влезат во Грција, во обид да дојдат до земјите од западна Европа. Овие луѓе во Македонија влегле пред една недела, на диви премини.

По дожд и сонце, студ и ветер, пеш, километар по километар го совладувале патот. Целта им е Франција, а до неа планираат да пешачат низ Србија, Босна, па по воден пат до Италија. Велат дека на турско-грчката граница има многу бегалци, но грчките полицајци не дозволуваат никој да премине.

Неизвесноста за овие луѓе е уште поголема, откако Србија најави дека херметички ќе ги затвори границите за мигрантите. Но, тие не размислуваат за тоа. Секој поминат километар за нив се само 1000 метри поблиску до нивната ветена земја.

Претходна статијаМе ишутира пред зграда по скали зошто му ја спомнав мамичка – мршшш едиповецу еден
Следна статијаМакедонска реалност: Половина село веќе заминало на печалба, другата половина мисли како да си ги спакува куферите