Македонка од дијаспората: Изгледа сите почнавте да учите и дејствувате како Заев

0

Илона Захариева е македонска активистка која живее и работи во Италија. Таа во свој статус на социјалните мрежи, му се обрати на претседателот на ДИК, Оливер Деркоски:

,,Слушам вчерашна изјава на Деркоски, и не ми се верува дека е тоа изјава на висок функционер.

Изјавата, која патем звучи како закана, е дека нема да има избори во дијаспората бидејќи иселениците не биле заинтересирани и уште, цитирам: доколку не учествуваат на гласање, дијаспората нема што повеќе да бара од Македонија”.

Сакам да му го поставам прашањето директно на Деркоски: а што тоа конкретно дијаспората барала од Македонија? Мислите на тоа што бараше да не си го менувате името за можни преговори со ЕУ? Мислите на барањето да не го потчинувате конститутивниот народ под едно малцинство, или да не ја ставате државата во подредена положба спрема соседите?

Колку што ме држи памет, само тоа бараше дијаспората, ах, да, бараше и да си направите попис, добро знаете зошто.

Па уште го прашувам господинот Деркоски: во кои медиуми соопшти и побара да известат за почетокот на пријавувањето во системот? Лично, иако секојдневно ги следам настаните во Македонија, дознав после четири дена од отварањето на сајтот.

И уште: бараме некој да потврди дали некоја партија излезе на прес по повод запишувањето во избирачкиот список во дијаспората и дали воопшто некоја партија изнесе програма за дијаспората?

Имаме чувство како да се борите против нас, еден, само еден претставник ви бараме, за да не ја прекинеме последната институционална врска со татковината. Можеби никој не е заинтересиран оти не се делат работни места по хаотичната, безидејна и нефункционална администрација?

Изгледа сите почнавте да учите и дејствувате како Заев, деспоти. Па забранувате, се заканувате, си измислувате закони во последен момент.

Во едноумието имаше повеќе демократија. За условите, кои нашата сопствена држава ни ги нуди за остварување на демократското право нема ни да ја отворам темата, ниту пак за површниот пристап кон иселениците од сите досегашни влади.”

Претходна статијаСакаш да покажеш внимание, а тоа ќе те чини празни џебови, ова не е нормално што се прави
Следна статијаИталија стана најпогодената земја во светот – во последните 24 часа многу лош биланс