Се до пред неколку денови, во Соединетите Американски држави бројот на случаите со Корона симптоми беше многу мал. Во цела Америка имаше само околу стотина случаи на сомнителни.
Но во последната недела, најпрво во Сиетл, Вашингтон по чинаа неколку лица, претежно на возраст во поодминати години, а потоа се појавија случаи и во државата Њујорк. Претходно знаци за Корона имаше и во КАлифорнија и некои други држави.
Њујорк Тајмс пред три дена информираше за човек од Менхетен кој бил позитивен на тестот за Корона. Информациите се дека тој е хоспитализиран и дека во карантин се ставени членовите на неговото семејство и останати со кои бил во контакт.
Вчера властите информираа за првиот потврден случај во државата Њу Џерси. Претходно имаше двајца сомнителни, за кои се покажа дека не се болни од Коронавирус.
Потврдениот случај е од градот Форт Ли, кој е на граница со Њујорк, односно градот се наоѓа пред самиот мост Џорџ Вашингтон.
Но веќе денес се информира за затворено приватно училиште во градот Парамус. На учениците, кои биле во контакт со потврден случај им се советува да останат дома во карантин до следниот понеделник.
Вториот случај на Корона во Њу Џерси е жена на триесет годишна возраст, исто така од областа Берген каунти.
Инаку во Берген живеат многу Македонци, а исто така Берген граничи со областа Пасеик, каде исто така има многу Македонци. Во градовите каде што живеат нашите, како што се Тотова, Патерсон, Гарфилд, засега нема пријавено сомнителни случаи.
Но со оглед на патувањата на работно место во разни делови од Њу Џерси, како и во градот Њујорк, мора да се биде внимателен. Препораките се да се одржува личната хигиена на највисоко ниво, да се користат дезинфекциони средтсва и да се избегнуваат јавни собири.
Јавниот превоз е исто така ризичен, а огромна фреквенција на луѓе има и во шопинг моловите, како и маркетите од каде луѓето се снабдуваат со храна. Во градот Парамус, каде што е случајот со затвореното училиште, се наоѓа најголемиот и најпопуларен шопинг мол во Њу Џерси, Гарден Стејт.
Можеби најважен момент во заштита и превенција од Коронавирус е јакнење на имунитетот, преку соодветна исхрана и внес на витамини и минерали кои ќе му помогнат на организмот да биде отпорен.
П.П. Фото: Илустрација