Сепак ништо од најавите за пасошите, неизвесноста продолжува

0

Како што информираат од МВР се прават напори пратката од 100.000 патни обрасци да пристигне за најбрз можен рок. Но, пред една недела беше најавено дека првата пратка на пасоши ќе пристигне денеска. Останати се само 1700 обрасци.

Првата пратка со пасоши која беше најавена дека ќе пристигне денеска, се уште не е испорачана. Од МВР велат дека се во постојана комуникација со германската компанија Веридос и како што наведуваат, се прават напори пратката од 100.000 патни обрасци да пристигне во најбрз можен рок.

„Кога ќе пристигне пратката ќе им бидат издадени патни исправи на сите граѓани кои во меѓувреме поднеле барања, а не им биле издадени патните исправи. Инаку, моментално во Министерството за внатрешни работи на располагање има околу 1700 обрасци за патни исправи“, соопштуваат од МВР за РСЕ.

Техничкиот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска пред една недела ја најави првата пратка на пасоши.

„Со лични карти проблем немаме, но со пасоши имаме и тоа јавноста веќе подолго време го знае. Првата пратка ја очекуваме на 6 март да биде испорачана и на тој начин веќе ќе почнува да се враќаме во една нормална состојба на испорака на патните обрасци“, изјави Петровска.

За кризата со патните исправи се дозна на почетокот на минатиот месец. Преостанати тогаш беа само 3.700 обрасци, а од нив 650 како што најави тогаш техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, ќе бидат искористени за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. За таа цел беше формирана и Комисија на МВР која одлучува по барањата за пасоши.

Приоритет ќе имаат сите оние случаи каде е неопходно издавање пасоши заради здравствени причини“, рече тогаш Чулев.

Одговорност за тоа кој е виновен за недостигот на пасоши никој не презеде, но затоа имаше обвинувања меѓу засегнатите страни. Чулев реагираше дека недостигот на пасоши е последица на несовесното работење на неговиот претходник, а сега технички премиер Оливер Спасовски.

Целата сторија проследете ја на Радио Слободна Европа.

Претходна статијаКаков пресврт – откако таа отворено кажа сè во врска со Врањеш, сега Тошиќ и го рекол ова
Следна статијаВтор случај на Корона во Берген, Њу Џерси каде живеат многу Македонци