Името на Фута Радуловиќ, сопруг на една од најпознатите српски текстописци Марина Туцаковиќ се најде на листата на сведоци на првообвинетиот Бојан Јовановски. Тој треба да сведочи следната недела на предлог на одбраната.
Според нашите сознанија , Бојан Јовановски и Фута имале заеднички естраден бизнис , а згора на тоа Боки е добар пријател со неговата сопруга Марина.
Нивниот син пак живее во Скопје и е вклучен во македонската естрада. Според нашите информации, еден ден, или можеби истиот ден кога Боки и Кичеец биле во домот на Орце Камчев а тоа е 20 февруари 2019 година, Јовановски заминал во Белград кај Фута.
Фута пак, врз основа на заедничкиот естраден бизнис на Бојан му дал извесна сума на пари, меѓутоа износот не е познат. Од Белград, Боки со неговата мајка и кумата судијката Мери Дика заминале за Милано.
Неизвесно е со кои пари го вршел шопингот во Милано, дали со тие на Камчев или добиените од Фута. И токму тука се гледа намерата на одбраната на Боки која сака да докаже дека Боки всушност од Камчев.
Според фискалните сметки презентирани како докази од страна на Обвинителството на шопингот во Милано биле потрошени 148.000.
Велат дека крушата под круша паѓа, па така и синот на текстописецот Марина Туцаковиќ, Милан Лаќа Радуловиќ не се разликува од својата мајка, особено кога станува збор за пишување текстови. Но може да се каже дека е талентиран и на својот татко за продуцирање и аранжирање песни.
Милан пред четири години изјави дека себеси никогаш не се сметал за позната личност, иако татко му и мајка му се Фута и Марина.
„Тоа што како нив одбрав да го делкам истиот музички леб, не ме понесе да мислам за себеси дека сум позната личност“, вели Лаќа.
Милан напишал текстови за некои од многу популарните песни, а во последно време изненади со текстот за песната „Ране“ на Анастасија Ражнатовиќ.
Милан е во моментов дел од екипата која работи на новиот албум на Ана Николиќ заедно со Дарко Димитров.
Лаќа заедно со својата мајка го пишувал текстот за песната на Раста „Адио Аморе“, за песната на Цеца „Автограм“, за песните на Жељко Јоксимовиќ „Ѕвезда“ и „Нерадо