Македонија не важи се уште за така атрактивна дестинација за млади туристи кои се желни за забава. Но сепак значаен е бројот на оние кои се решаваат да ја посетата нашата држава, пред се Охрид и Скопје.
Токму таков е примерот на група Англичанки кои неодамна присуствуваа во Скопје. На семинар напишаа за своите искуства на својот фејзбук профил. Меѓу другото беа задоволни од храната, импресионирани од цените но не и од мажите.
„Бевме изненадени од нивниот однос, ќе се напијат и после само меѓу себе си прват муабет како кланови.Дури ако им пристапиш се срамат се пвлекуваат се однесуваат чудно.
Главно во градот се колите и пијани секој со што подобра кола паркиран пред кафичите. Чуден народ, чудни момци сите стегнати. Главен разговор сакаш ли да се провозиме надвор ми е паркирана колата.
Присуствувавме во едно кафуле каде имало супер Dj по препорака на нашите пријатели од семинарот. Сите гледаа надоле во својата маса, и само по некој се смееше.
Ако некои непознати направат меѓу себе моабет веднаш цел кафич се врти према нив и ги гледа и чека што ќе се случи. Голема разлика од Шведска дури и преголема!
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи бележи раст од 12,2 отсто, а бројот на ноќевањата за 15,2 проценти.
Објавените податоци покажуваат дека во декември лани Македонија ја посетиле 36.068 странски туристи, најпосетено било Скопје, а според сместувачките капацитети престојувале најмногу во хотели со четири ѕвезди каде се сместиле 15.215 туристи, но и со пет ѕвезди 12.067 туристи.
Бројот на туристите во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи раст од 9,6 отсто, а бројот на ноќевањата 9,8 отсто. Бројот на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,7 отсто.
Бројот на ноќевања на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 5,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,1 отсто.
Најзастапени туристи во декември биле граѓаните од регионот. Од Бугарија ја посетиле 7.541 турист, од Грција 5.351, Србија 3.134, Албанија 2.654, Турција 2.358 и од Косово 1.725 туристи.