(ФОТО) Денешните кадри од Преспанското езеро говорат се: Вакво нешто не се памети

0

Се подраматична е состојбата со Преспанското езеро. За три метри во висина и неколку стотици во должина е повлечена водата. Сликата на крајбрежните делови апокалиптична, а уште позагрижувачка е проценката на експертите дека досега е изгубена површина колку две Дојрански езера.

Објективот на нашата камера денеска ги сними деловите на брегот кај Претор каде водата се повлекла и зад себе оставила само помали островчиња со тиња.

Она што дополнително загрижува е што повлеченоста на водата на различни крајбрежни делови е се поголема. Ако во Претор се повлекла за 10 или 20 метри, на крајбрежјето во Стење или Коњско брегот е проширен за 150–180 метри.

Еколошката кастастрофа е се поблиску, се плашат рибарите. Ако езерото и понатаму продолжи да ја губи водата, ќе настане помор на животинскиот свет, а напролет ќе секнат и природните извори за наводнување на јаболковите насади во Преспа, вели концесионерот на езерото Наумче Ставревски.

Главниот проблем за ваквата состојба според Ставрески се климатските промени, но и негрижата за езерото, натрупаните количества вештачки ѓубрива од насадите преку подземните води, како и неправилното децениско управување со него.

Решението надлежните од животна средина го гледаат во дождот и снегот, но и во подобро управување со езерото од страна на трите држави кои го делат.

За езерото да успее да се врати во кондиција ќе треба многу време и дејствие на многу фактори. Но и тогаш мали ќе се шансите дека некогаш повторно Преспанското како едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот дом на 1.500 ендемски видови животни ќе ги доживее златните 60-ти години кога според некои истражувања се претпоставува дека располагало со 5 милијарди кубни метри вода, кои неколкуте повлекувања што следувале ги преполовиле.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 24

Претходна статијаПроверете си дали и вие сте меѓу нив: Одобрени 236 пасоши, познато уште колку остануваат
Следна статијаПознато од каде работници ќе ја спасуваат туристичката сезона во Охрид и Струга