,,Плаво” па макар и фарбано – две наши пејачки објавија дека станале плавуши (ФОТО)

0

Што е толку модерно да си плава оваа сезона? А и не само оваа. Која е таа ,,магија” која ги привлекува мажите да вртат погледи кон ,,плавуши”? Изреката ,,плаво, плаво, па макар и фарбано” постои уште одамна.

И покфрај сите вицеви за плавуши и покрај сите омаловажувања на жените кои ја одбрале оваа боја на коса, сепак и жените и мажите не можат да и одолеат. Уште па на оние на кои им стои…

Две наши пејачки оваа зима одлучија своите фанови да ги почестат со нова фризура и нова боја на коса. Тоа е Антонија Гиговска и елена Ристеска.

Младата пејачка Антониа Гиговска својата популарност уште повеќе ја стекна во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што воодушеви со својот вокал. Жирито освен комплименти за нејзините вокални способности и делеше комплименти за нејзиниот стајлинг.

Во студиото на „Пинк“, Гиговска знаеше да се појави во разни модни комбинации, а пред некое време ја промени и бојата на косата, па стана русокоса.

Меѓутоа, деновиве Гиговска повторно посети фризерски салон на еден познат македонски фризер и повторно го промени својот изглед.

Овој пат пејачката не ја промени бојата на косата, туку ја скрати. Македонското девојче сега има пократка рамна коса со шишки, а со новиот имиџ се пофали на социјалните мрежи со објаснување:

„Јас ја скратив мојата коса“.

Втората пејачка која се одлучи за драстична промена на својот стајлинг е исто така пејачка, а се вика Елена Ристеска. За Елена не треба да се трошат многу зборови. На музичката сцена се појави многу млада, уште како гимназијалка во Никола КАрев се пријави и растури на продукцијата М2.

Од тогаш наваму, скоро дваесет години, Елена е во врвот на поп музиката кај нас. Секако, за тоа е заслужен нејзиниот вокал, но и нејзиниот атрактивен изглед, за кој Елена вложува огромен напор, континуирано во изминативе години.

Елена е собено активна во теретана последниов период, за што сведочат бројните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.

Елена Ристеска денес објави фотографии од Мајами, Флорида, дестинација која се чини и е омилена, бидејќи и пред две години во овој период од годината, таа престојуваше во Соединетите Американски држави.

Дали има некој пријател(ка) кај кој(а) што оди, не знаеме, но во секој случај, во овие зимски денови, Флорида е едно од најдобрите места за престој на целиот свет. Елена објави фотка со другарките, со кои беше во Мајами и пред две години. Очигледни им годи друштвото!

Втората работа која може веднаш да се забележи на фотографиите е променета на бојата на косата. Сега и Елена е плавуша и мора да се признае – одлично и стои.

Која од естрадните ѕвезди ќе биде следна која ќе се обои во плаво, останува да видиме во следниот период.

Претходна статијаВеќе нема потреба за иселување: Германците отвараат фабрики во Македонија и вработуваат млади лица
Следна статијаПоскапеа лековите: Граѓаните се жалат дека цените се „изгор“