Поскапеа лековите: Граѓаните се жалат дека цените се „изгор“

0

Дел од лековите во аптеките се поскапени. Граѓаните се жалат дека цените се „изгор“ за одредени лекови кои порано ги плаќале по пониска цена. Така на пример лицата со астма или хронични болести на белите дробови спрејовите што ги купуваа за 240 денари сега ги плаќаат за цена од дури 612 денари, што велат значително удира врз нивниот џеб.

„Знам по мене покачена е Спиривата за 120% – од 240 на 615 денари е покачена. Сега овој месец земав и ме изненади, кога требаше наместо 240 да платам 615 денари, тоа никаде го нема, вакво покачување“

„Покачување има поготово на тие што се купуваат за пари, што повеќе се трошат“

„Овие ортопедскиве лекови сега ги платив 1680 денари, а пред тоа не знам колку биле, но со нашиве пензии тоа е многу, пред тоа помалку беа. Исто така оние што се за маснотии беа 160 сега се 260 денари, значи за сто денари се покачени“.

Од Фондот за здравство пак тврдат дека покачувањето на цените на лековите нема врска со укинувањето на квотите. Цените на лековите велат дека ги определуваат фармацевтските компании, а формираните цени ги одобрува Министерството за здравство.

„Фондот ги зема предвид цените на лековите во референтните земји (Словенија, Србија, Хрватска и Бугарија) и формираните цени на лекови одобрени од Министерството за здравство во нашата земја, односно цените на лекови кои ги дефинираат производителите на лековите.

Потенцираме дека секој матичен лекар, како и фармацевт, има обврска да го информира осигуреното лице за можноста да добие лек на рецепт кој е без доплата, или со мала доплата а е од истата генерика. Истовремено, право е на осигуреното лице да сака и да избере лек со повисока цена/доплата.“ – Фонд за Здравствeно осигурување.

И додека цените на лековите поскапуваат, позитивната листа на лекови и натаму не е сменета и покрај многубројните најави на здравствените власти.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 24.

Претходна статија,,Плаво” па макар и фарбано – две наши пејачки објавија дека станале плавуши (ФОТО)
Следна статијаИма знаци кои покажуваат дека некој ваш близок кој заминал од овој свет се обидува да комуцира со вас