За најголемата и најпознатата српска и балканска фолк ѕвезда, Цеца ражнатовиќ, минатата 2019 година беше може да се каже најсреќна во животот. Таа го ожени синот Вељко, а забавата која ја организираше по тој повод ќе се прераскажува долго.
Оваа година пак, за Цеца ќе биде уште посреќна. Зошто? Затоа што таа на свои 46 години ќе стане баба! Семејството Ражнатовиќ со нетрпение го очекува бебето, а идната баба постојано објавува фотографии од снаата Богдана.
Цеца и покрај големата популарност, изминатите години од кога остана самохрана мајка, успеа да го заштити семејството, нејзините деца од валканите игри кои им се случуваат на естрадните ѕвезди.
Колку и да беше осамена, или можеби не беше, таа не дозволи ниту во еден момент да излезе на површина нејзиниот интимен живот. Јавноста до денешен ден, не слушна за некаква афера која ја имала Цеца.
Летата ги поминува во вилата на Кипар, а останатиот дел од годината настапува ширум земјите од поранешна Југославија.
За Цеца се знае дека е ревносен верник, со редовен пост, исповед и причест. Дали успеала во верата да ги воведе и нејзините деца, засега нема откриено.
Деновиве на социјалните мрежи се појави видео од српска свадба, на која на репортоар беше едно од познатите српски ,,кола”. Во еден момент на орото се фаќа Цеца и почнуваат да светкаат телефоните.
Сите сакаа да го овековечат овој момент, а Цеца не ги остави рамнодушни. Заигра подобро од сите, па коментарите беа: ,,Кога те бива, те бива за сè”! Погледнете:
EVO KAKO SE IGRA KOLO #cecaraznatovic #cecaofficial 🤗😍
Публикувахте от Pink Radio в Петък, 17 май 2019 г.