Се огласи Саша Поповиќ по информациите дека си фатил младо ,,пиленце”

0

Српските медиуми наголемо пишуваа дека наводно учесничката во „Задруга“, Ива Гргуриќ го прогонува Саша Поповиќ со цел да го освои.

Атрактивната Ива целото изминатото лето се зближила со директорот на „Гранд продукција“ додека тој беше во Опатија.

Нивната заедничка фотографија излезе во јавноста, а пријателка на старлета изјави дека Ива се обидела да го заведе еден од најмоќните луѓе во домашниот шоубизнис.

По овој повод, Поповиќ се огласи и откри дека Ива во животот ја видел само на пет минути.

„Девојката која медиумите ја поврзуваат со мене, ја видов само еднаш во животот и тоа на пет минути, тогаш кога и настана фотографијата.

Како и секој ден кога се фотографирам со луѓето на улица. Ни пред тоа, ни после тоа ја немам сретнато, тоа е единствена вистина“ вели Саша.

Поповиќ ги замоли сите медиуми да не го поврзуваат со „разни личности“ бидејќи на тој начин го уништуваат неговиот приватен живот.

Претходна статија(ФОТО) Љупчо Николовски го стопли срцето и скромниот дом на Загорка: Носете поздрав на тој што ми помогна
Следна статијаФросина од Скопје: Ангела може да биде секоја од вас ,,домаќинките” кои постирате кифлички и руска салата