(ФОТО) Љупчо Николовски го стопли срцето и скромниот дом на Загорка: Носете поздрав на тој што ми помогна

0

Фејсбук статус на Небојша Трајковски

Хуманоста е слика на големината на човекот !

Денес Љупчо Николовски го стопли срцето и скромниот дом на Загорка со потребните намирници за престојната зима.

Го испрати возилото во Ранковце натоварено со нов шпорет, брашно, масло за јадење…основни работи што го чинат секојдневието…

Колку малку треба за да се направи добро дело. Колку многу треба да имаш во себе за да сакаш да им помагаш на оние на кој им е најпотребно.

Пример кој треба сите да го следиме Љупчо Николовски.

Љупчо Николовски (20 август 1983 во Крива Паланка) — македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за земјоделство во владата од 2017. Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник.

Во февруари 2014 бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев. Во 2017 бил именуван за прв човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Николовски говори англиски и италијански јазик

Претходна статијаПознато името на новиот министер за внатрешни работи – Ковачки има импозантна биографија
Следна статијаСе огласи Саша Поповиќ по информациите дека си фатил младо ,,пиленце”