Се жени поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ, Консtadin (28) со својата избраничка со црногорско потекло.
Парот на големо ја подготвува свадбата а избраничката на поранешното момче на ќерката на Цеца е Валентина Лопичиќ.
Судбоносното „ДА“ќе го изговорат во јуни 2020 година во еден луксузен белградски ресторан.
Валентина е успешна млада девојка од добро семејство, а студиите ги завршила во Лондон, пишуваат српските медиуми.
Инаку за потсетување Костадин беше во врска со Анастасија, а парот ја прекина романсата без расправии на најнормален начин.
-Не беа никакви караници, се разделивме на најнормален начин. И понатаму имам убаво мислење за Костадин, рече во една прилика Ражнатовиќ.