Сакам да му родам бебе на Милојко– контроверзниот пар не престанува да ја шокира јавноста

0

Контроверзниот српски пар, Милијана Богдановиќ која има 21 години и нејзиниот партнер, 74-годишниот Милојко Божиќ влегоа во „Парови“, а како што самите велат, можеби ќе направат и бебе во шоуто.

„Мажите во Парови во главно се млади. Немаат бела коса и не носат очила. Тоа значи немаат шанси кај мене“, изјави Милијана која од секогаш сакала постари мажи.

„Би сакала да забременам и да родам бебе, дај боже. Ако не во парови, тогаш кога ќе излеземе. Навистина сакам да докажам дека ова меѓу Милојко и мене е вистинска работа, а не маркетиншки трик како што зборуваат сите. Ние се сакаме и тоа луѓето ќе го видат.

Но едно е сигурно, Милојко нема да го изневерам во вилата, бидејќи навистина не влегувам заради тоа, туку за да си поминеме убаво“, изјави Милијана за медиумите. Таа додаде и дека за секс во шоуто не бараат пари, бидејќи веќе имаат свој хонорар, и тоа според неа е нормално бидејќи сите го прават тоа. „Не сме ни први, ни последни“ вели таа.

Инаку што се однесува до хонорарот, тие и двајцата неделно ќе заработуваат 1200 евра, што значи дека за три месеци во ова шоу, колку што планираат да останат, би можеле да заработат 14.400 евра. Парите планираат да ги потрошат за свадба која им е закажана за 7 септември, но и да ја средат куќата во селото и да купат нов автомобил….

Милојко не е првиот постар маж во нејзиниот живот

Милијана Богдановиќ (21) и нејзиниот иден сопруг, Милојко Божиќ (74) наскоро влегуваат во вилата каде што се снима српското реално шоу „Парови”. Непосредно пред нивниот влез во шоуто, српските медиуми откриваат некои интересни детали од нејзиниот живот.

Имено, мајката на Милијана, Слаѓана Богдановиќ откри за српскиот Курир дека кога Милијана имала 14 години побарале и помош од доктори бидејќи сакала постари мажи.

„Кога таа имаше четиринаесет години и кога сфативме дека сака постари мажи, решивме да се консултираме со лекари и да побараме лек за нејзината состојба. Отидовме на психијатар и психолог, а потоа таа самата одеше на сеанси. Лекарите, пак, велат дека нејзината состојба не се лекува, туку едноставно е таква.

Ни објаснија дека не и фали татковската фигура, туку едноставно има таков ген. И тогаш се соочивме со тоа. Знаевме дека никогаш нема да има врсници за партнер, туку ќе ги избира оние кои се со голема разлика во годините во споредба со неа “, раскажа Слаѓана за Курир.

Претходна статијаНапнат ден исполнет со финансиски проблеми за овие знаци – Дневен хороскоп
Следна статијаКонечно е откриена вистинската причина поради која се скараа Цеца и Аца Лукас