Конечно е откриена вистинската причина поради која се скараа Цеца и Аца Лукас

Последните недели се шпекулира за прекин на пријателството на Аца Лукас и Цеца Ражнатовиќ, бидејќи колегите веќе не се следат на Инстаграм. А како што открива извор близок до пејачот, тој и Цеца се скарале и тоа поради Соња.

Лукас и Цеца жестоко се скарале и го прекинале долгогодишното пријателство поради Соња. Пејачите од декември не се во контакт, иако претходните две децении беа неразделни.

loading...

Светлана цело време му беше рамo за плачење и секојдневно го тешеше додека страдаше по поранешната жена. Меѓутоа штом и се врати на Соња, Аца почна да ја избегнува другарката – рекол изворот.

Цеца до детали беше упатена во односот на Соња и Лукас и проблемите кои ги имаа, па отворено му кажуваше дека не е паметно да се смири со жена му.

На Аца тоа не му се допанда, па многу брзо го прекина контактот со најдобрата пријателка – додал изворот.

Цеца Ражнатовиќ цели три години нема објавено албум. Нејзините обожаватели стануваат нервозни и нетрпеливи, па на Инстаграм и’ соопштија дека итно сакаат нови песни.

Еве што им одговори популарната пејачка:

Ма, сакаме албум!“, гласеше коментарот на нејзиниот обожавател, на што Цеца одговори: „Ма, сакам и јас, но мора да ме пронајдат добри песни!“

loading...