Северина Којиќ ги откажала последните три концерти, а според пишувањата на српските медиуми, и нејзиниот настап за Денот на жената на Златибор доживеал целосен крах. Наводно пејачката продала само 120 влезници.
Пропаста на кариерата на една од најпопуларните пејачки во регионот, се чини, започна со прекинот на соработката со својот најблизок соработник, менаџерот Томислав Петровиќ, а на тоа се надоврза и прекинот на соработката со пи-ар стручњакот Давор Гргин, но и со адвокатот Дарио Будимир.
Неодамна Северина на нејзиниот фејсбук објави дека го откажува закажаниот концерт во Зачрет, а како причина ги наведе проблемите помеѓу организаторите кои го договарале концертот. Сепак, се огласија и организаторите, како би ја демантирале Северина.
-Почитувани, со искрено жалење, приморани сме да ве известиме дека концертот на Северина, договорен за 13 април 2019 нема да се одржи. Исто така, сакаме да ве известиме дека останавме непријатно изненадени на објавата на службениот фејсбук на пејачката, која како причина за откажувањето наведува извесни проблеми кои настанале помеѓу организаторите, иако тоа не е така“, се вели во одговорот од организаторите на концерот на Северина.
Северина Којиќ како да попушта под притисокот и стресот! Иако почна со промоцијата на новиот албум „Хало“, од кој очекува многу, реакциите на публиката засега се доста „млаки“, на што се надоврза и слабата посетеност на нејзиниот настап на Златибор, пишува порталот www.svet.rs.
Покрај сето тоа, ненадејно прекина и нејзината 17-годишна соработка со менаџерот Томица Петровиќ, а причините се уште не се официјално соопштени. Засега не се знае кој ќе ја води кариерата на популарната пејачка во иднина, а се „шушка“ дека нејзиниот сопруг Игор Којиќ е еден од потенцијални кандидати за менаџерската позиција.
Северина има проблеми и на приватен план. Борбата со бившиот партнер Милан Поповиќ за старателство над синот Александар буквално ја истоштува хрватската пејачка, а откако и’ го откажа полномоштвото една угледна адвокатска канцеларија која ја застапуваше со години, Северина се најде во сериозен проблем.
Северина веќе месец и пол оди на сеанси кај психолог. Северина смета дека и’ е потребна стручна помош за да може подобро да ја согледа ситуацијата и да научи на проблемот да му пријде на најдобар начин. И нејзините обожаватели почнаа да забележуваат дека ја измачува нешто сериозно.
Прво, на социјалните мрежи се појавија коментари дека е премногу слаба, а потоа се случи инцидентот со фоторепортерите кои ја сликаа додека зборуваше. На неа и’ пречеше тоа, затоа што знае дека прави гримаси додека зборува и не сака да сликите да изгледа како да има брчки. Колку и да е во право, јасно е дека и’ е намален прагот на толеранција и дека е под сериозен притисок“, открива извор за „Свет“, и додава:
Северина го носеше на психолог и Игор, но него не го интересира терапијата, иако и’ дава максимална поддршка. Сепак, колку и да е покрај неа, Игор не може да ги реши проблемите на Северина, како штосе судските спорови со Милан Поповиќ, па не е чудно што Северина пука.“