Ќерката на Милојко е позната водителка и е во очај поради нејзиниот татко ФОТО

74 годишниот пензионер Милојко Божиќ и неговата 53 години помлада свршеничка, Милијана Богдановиќ (21) станаа вистинска сензација во регионот откако јавноста дозна за нивната голема љубов.

Па така сега медиумите постојано не бомбардираат со нешто ново за најлудиот српски пар кој никого не остава рамнодушен и меѓу кои има 53 години разлика. Значи, последното нешто што до дознавме за нив, е дека тие планираат да се одвојат, но само привремено, поради реалното шоу.

Имено, иако најавија дека заедно ќе се приклучат во реалното шоу „Парови“, на Милојко нема да му биде дозволено, бидејќи не му даваат неговите деца. Но затоа тој нема да ја спречи Милијана да влезе во шоуто сама.

„Најпрво ни се јавија од телевизија ‘Happy’ и ни го понудија Парови, а потоа ни се јавија и од ‘Пинк’ за Задруга. Се уште немаме одлучено, тешко ми е да го остават мој Милојко бидејќи има проблем со неговите. Но, јас како и секогаш, ја имам неговата поддршка и ние наскоро ќе одлучиме каде ќе се појавам”, вели таа.

„Редовни сме на тоа поле скоро секој ден, јас не гледам што е тоа толку чудно. Ние го правиме сето она што го прави секој заљубен пар и нам годините воопшто не ни се пречка. Сепак, откако мој Микан во декември имаше операција на срцето, морам малку да го штедам. Му вградија бајпас, па сега внимаваме да не префорсираме. Инаку, во креветот е како младич, не му треба никакви апчиња. Иако за волја на вистината, јас и не знам какви се младите момчиња, јас отсекогаш сум била само со многу постари од мене. И кај Милојка најмногу ми се допадна тоа што е искусен, иако неговата убавина ми е на прво место“ вели оваа млада девојка за Блиц

Нивната свадба е планирана за 7 септември, само што се уште се немаат договорено колку деца би сакале да имаат.

Тие решија да влезат во српското ријалити шоу „Парови“, но семејството на Милијко не му дозволува да го направи тоа. Не се знае кој од семејството е против неговото појавување пред камерите, а српските медиуми откриваат дека неговата ќерка всушност е позната водителка.

Имено, во прашање е Јасна Божиќ, поранешна водителка на утринска програма во една српска телевизија.

Како што пренесе српскиот Курир, тие стапиле со неа во контакт, но таа не сакала да го коментира љубовниот живот на Милојко. Според нивни извори, таа е очајна поради медиумското експонирање на нејзиниот татко, како и заради неговата врска со оваа 21 годишна девојка.

Loading...