По шпекулациите дека заедно со сопругата на Шабан земале 400.000 евра за настапи однапред, се огласи и менаџерот на Шаулиќ

0

Менаџерот на Шабан Шаулиќ, Сабит Дервишевиќ, одлучи да гопрекине молкот и да прозбори за гласините дека тој и сопругата на Шабан земале 400.000 евра пред време за настапи на Шаулиќ.

-Не сакав да реагирам на освратните наслови, но морав.Ме прозиваат дека со Гоца сме земале пари и дека сега ми се јавуваат од сопствениците на клубовите, но и јас и Гордана не сме одговарале.

Се споменува и цифра од 400.000 евра.

На паметните не треба да им се објаснува дека се случуваат несреќни случаеви, како и работата која ја работел да остане недовршена, така да тука нема што да се додаде, освен дека останаа некои термини недоработени, но нагаѓања и споменување на цифри не е реално.

Што е најтрагично се пишува дека Гоца земала пари за до 2021 година, тоа е озогласена лага. Приказна е и тоа дека сме недостапни.

Сакам да истакнам дека за секој настап се плаќа пред време, па што има лошо во тоа луѓето да ти веруваат и да типлаќаат однапред. Зошто да не наплаќам? Тоа го прави секој пејач.

Зар не е успех тоа луѓето да ти веруваат и да ти платат за она што го бараат од тебе, ез разлика за кој бизнис и да се работи- напишал ненаџерот на Шабан.

Семејството на покојниот Шабан Шаулиќ, кој настрада во сообраќајна несреќа пред 7 дена, во близина на Германскиот град Билефелд, огорчена е лута на менаџерот Сабит Дервишевиќ, затоа што не испратил возач и автомобил по пејачот да го однесе до аеродромот, тоа кобно утро кога се случила несреќата, дознава Курир.

Ако тоа го направел кралот на народната музика, на аеродром не би го однесол клавијатуристот Мирсад Кериќ, кој исто така трагично настрада. Дервишевиќ по усмениот договор, требало да му обезбеди на Шабан превоз.

Меѓутоа тоа не се случило, па Кериќ кој инаку живее во Офенбах, седнал зад воланот на својата кола Сеад и тргнал да го однесе Шабан на аеродромот.

» Сабит, како и многу пати до сега, му организирал на Шабан настап во Германија и тој имал обавеза да обезбеди авионски карти, сместување, автомобил и возач кој ќе го однел на аеродром од хотелот и местото каде настапувал.

„До сега така било секогаш. Таму каде што пеел Шабан секогаш го чекал голем автомобил кој му бил на располагање, се додека престојува во Германија. Меѓутоа на 17 февруари возачот и автомобилот не се појавиле пред хотелот во кој Шабан престојуваше, па тој морало да го разбуди Мирсад Кериќ и да го замоли да го однесе на аеродром, за да не задоцни на лет за Белград.

Поради тоа Шабан бил многу лут, а за тоа сведочеше и неговиот кум Слободан Стојадинивиќ, кој беше со нив двајца во хотелот, а потоа и во автомобилот кога се случила несреќата„.

» Од моментот кога се случила несреќата, Сабит повеќе не им се јавил на семејството на Шаулиќ, а бил многу близок со нив. Не им изјавил ни сочувство за загинатиот Шаулиќ. Значи тој воопшто не се огласуваше. Тоа беше изненадување за сите, бидејќи години соработувал со Гордана, а Шабан секогаш го викал пријател.

Претходна статијаФОТО Денес живее во луксузна вила, а вака изгледа трошната куќа во која израснала Сека Алексиќ
Следна статијаИдентични близначки родени 2010 година: Сега имаат 9 години и сите велат дека се „најубавите близначки на светот“