Идентични близначки родени 2010 година: Сега имаат 9 години и сите велат дека се „најубавите близначки на светот“

0

Кога брачен пар ќе дознае дека ќе добие дете, неизмерно се среќни. Среќата е поголема кога ќе дознаат дека ќе добијат близнаци.

Идентичните близначки Леах Роус и Ава Марие се родени на 7 јули 2010 година во Калифорнија.

Мајката Џеки брзо почнала да забележува колку се убави нејзините ќерки.

Кога имале 6 месеци, ја добиле првата понуда да бидат модели. Но, мајката ја одбила понудата.

Како изгледа секојдневниот живот на сестрите кои се прогласени за најубавите близначки на светот? Кога Жаки Клементс на седмиот роденден на своите ќерки Ава Марија и Леа Роуз им отвори Инстаграм профил, тие веднаш станаа многу популарни.

“За околу шест месеци имаа речиси 150.000 следбеници. Во тоа време Дејли Меил објави статија за нив”, се присетува Жаки. Нивниот профил денес го следат повеќе од 1,1 милиони луѓе од кои многумина сметаат дека станува збор за најубавите девојчиња на светот.

“Минатата година беше навистина забавна и возбудлива за нив. Без разлика дали станува збор за шопинг искуство, скапи подароци од брендови ширум светот, фотографии со фановите, на девојките им е неверојатно забавно. Секако, најважни им се пријателите кои ги стекнаа по пат на социјалните мрежи”, вели Жаки.

Жаки се грижи близначките да одат на училиште.

“Ангажманите им ги закажувам за време на викендот или веднаш после училиште за да не ја пропуштат наставата. Доколку добијат работа преку агенција, на сетот со нив има и наставник или наставничка кои им помагаат со училишните обврски”.

Во деновите кога работат, девојките стануваат рано наутро и ги вози до Лос Анџелес каде се одржуваат поголемиот дел од нивните снимања.

“Кога не работат нормално одат на училиште, на пливање, танцуваат или си играат со пријателите во соседството”.

Жаки има и совет за оние кои сакаат да имаат повеќе пријатели на Инстаграм. Вели дека треба да објавуваат нешто барем еднаш во денот, да користат многу хештегови и да имаат одлични фотографии.

Неодамна покрена и Јутјуб канал за девојките, за луѓето малку подобро да се запознаат со нивните способности.

“Не снимавме многу видеа досега, но планирам што повеќе да му се посветиме на каналот и да објавуваме повеќе видеа”.

Претходна статијаПо шпекулациите дека заедно со сопругата на Шабан земале 400.000 евра за настапи однапред, се огласи и менаџерот на Шаулиќ
Следна статијаВесна Ѓогани била отфрлена од семејството, од девојче во сиропиталиште до позната пејачка