Пред 32 години Наташа го заведе Мишо во „Жикина династија“ и речиси сите се сеќаваат на оваа убавица од 80-тите.
Гала Виденовиќ стекна огромна популарност глумејќи во филмот “Бал на Вода“, а 30 години подоцна таа и понатаму ја има дозата на сексуалност и провокативност.
Претходно, Гала беше особено популарно по улогата на малата Наташа во циклусот “Жикина Династија“. Таа глумеше и во “Мојот татко на одредено време“, како и во серија “Со грло во јагоди“.
По подолго време актерката се појави во една емисија, и на 49 години изгледа одлично.
Во 1989 Гала Виденовиќ се сели во Малибу, се мажи за режисерот Владимир Алексиќ со кого ги има синовите Демијан и Павле.