Цеца Ражнатовиќ денес била доста нервозна пред судницата поради непојавувањето на Јелена Карлеуша. На фолк-пејачката не и’ се допаднало што нивниот судски спор се пролонгирал олку многу. Разменила неколку реченици со застапникот на Карлеуша.
Јелена Карлеуша и денес не се појави на рочиштето кое што беше закажано во Вишиот суд во Белград по повод тужбата која ја поднела Цеца Ражнатовиќ против еден медиум од Србија и против Карлеуша, која јавно ја обивинила дека го нарачала убството на тогашното момче на Карлеуша, Зоран Давидовиќ Ќанде, ликвидиран во 2000 година.
Српски Курир пренесува дека на сослушувањето Цеца демантирала дека има врска со тоа злосторство.
Многу се потресов од тие обвинувања. Таа не ми стави само мене мета на чело, туку им стави и на моите деца и на целото мое семество.
Доколку Јелена има сознанија за убството на господинот Ќанде, нека го извести обвинителството. Зоран го запознав преку мојот покоен сопруг и лага е дека сум издала наредба да се ликвидира. Сметам дека ова е единствен начин, преку судот, да се заштитам себеси и да го заштитам моето семејство,изјавила Цеца.
Пејачката, исто така, потврдила дека го познава Милорад Улемек Легија.
Мојот сопруг му бил кум на венчавката, но апсолутно немам никаква врска со обвинувањата што ги изнесува Карлеуша во медиумите. Кога веќе изнесува такви обвинувања, сакам да ги сноси соодветните законски последици.
Како јавна личност, но и како некој кој им е пример на младите, доведена сум во незавидна положба поради нејзините тврдења дека сум нарачала убство поради неа. Такво нешто може да изговори само нарцисоидна, но и психички болна личност, додала Цеца.
Цеца, пишува Курир, нагласила дека не постои можност таа и Карлеуша да се смират.
То никако! Таа ме означи како нараачател на убството на господинот Ќанде. Сакам пред судот да докаже дека сум „злона со крвави раце Светлана Ражнатовиќ“ и да докаже кои лица се убијците на господинот Ќанде, рекла Цеца.