Најголемите пејачки имиња на Балканот настрадаа во сообраќајка – кобни утра по нивните големи концерти

0

Додека Балканот и луѓето од овие простори ширум светот се во шок поради трагичата смрт на кралот на народната музика Шабан Шауличќ се во шок, кој загина враќајки се од концерт во Германија, се појавија и фотографии од сите големи ѕвезди кои загинаа буквално враќајки се од концерт.

Сите трагедии се случиле во раните утрински часови, а милиони луѓе ги оплакуваа Силвана Арменулиќ, Тоше Проески и Љубомир Ѓуровиќ.

Сите тие уметници беа единствени, за нив се зборуваше дека се раѓаат еднаш во сто години или никогаш!

Шабан Шаулиќ 50 години беше неприкосновен владетел на народната сцена. Беше голем уметник, но и голем хуманитарец. Скромен, добар, љубител на доброто друштво и боемскиот живот. Без грам пејачка суета, љубомора или мегаломанија.

-Јас уште да дочекам да го оженам синот, бидејќи денес, единствена неисполнета желба ми е да запеам на неговата свадба и да си играм со неговите деца. Ништо подобро и повеќе не би посакал, од тоа како се одвиваше мојот живот и кариера и баш ништо не би менувал, бидејќи сум исполнет и среќен човек – изјавил Шабан неодамна во едно интервју.

Во 1976 година на 10 октомври загина и Силвана Арменулиќ и нејзината сестра Мрјана Бајрактаревиќ (во петтиот месец од бременоста) и шефот на Народниот оркестар на РТВ Белград, Миодраг Јашаревиќ. Се враќале од концерт во Александровац.

Силвана во тие години била една од најголемите ѕвезди во Југославија. Загинала на неполни 37 години. Милиони луѓе во тогашна Југославија ја оплакувале.

Скоро иста судбина имаше и Тоше Проески кој загина на 26 години. Тој загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на 16. октомври 2007 година.

Тогаш со неговото возило управувал 32-годишниот Георгиј Георгиевски и поради неприлагодена брзина и премала разлика меѓу возилата, удрил во камион при што десната, совозачка страна каде седел токму Тоше, се забила во приколката од камионот.

Ниту Тоше, ниту Силвана, ниту Шаулиќ не биле свесни. Починале во сон.

Дарко Радовановиќ имал 36 години кога настрадал.

Познатиот пејач и неговиот кум и менаџер, Александар Милошевиќ, загинаа на 11. јуни 2011 година во сообраќајна несреќа на обиколката кај Оштужничкиот мост кон Сурчин. Новосадскиот пејач започна успешна музичка кариера во Гранд, а зад себе остави сопруга и ќерка.

Љубиша Станковиќ Луис, беше познат по својот имиџ и необичен музички стил, а настрада во сообраќајна несреќа во 2011 година на магистралниот пат помеѓу Бачка Топола и Нови Сад.

Претходна статијаУтрешниот ден носи добри вести за близнаците, финансиски бенефит за друг знак – Дневен хороскоп
Следна статијаЖени, денес помолете и се на оваа маченичка, штити од секоја болка: Спомен на Светата Агатија