Шабан Шаулиќ: Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и тука сум како дома

0

Шабан Шаулиќ утринава загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Како што пренесува „Свет“, несреќата се случила во Билефелд, во северозападна Германија, каде што популарниот пејач одржал настап.

Менаџерот што го организирал настапот на „кралот на народната музика“, како што го нарекуваа медиумите Шабан Шаулиќ, Богдан Маркат, се огласи и откри што се случило во болницата:

Се обидоа да го вратат во живот, но не успеаја. Смртта се случи во болницата и почина од срцев удар. Го напушти срцето. Во контакт сум со неговото семејство во Хамбург, сите сме тука. Како и секогаш, беше одлично расположен и немаше знаци дека би можело да се случи вакво нешто. За жал, судбината сакаше така“, изјави Богдан.

Не пропушташе посета, а да не се да се пофали колку го владее македонскиот јазик. Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ во Македонија ги помина војничките денови.

Во 2015 година, како и на секој од неговите концерти во Македонија, Шаулиќ не ја пропушти можноста на македонската публика да ѝ се обрати на јазикот кој што го научил додека служел војска.

-Војската не секому му буди убави спомени, но за мене тоа е веројатно е еден од најубавите периоди во животот. Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и секое доаѓање долу е како враќање дома.

Знам дека не зборувам македонски најдобро, но се трудам. Вашиот јазик е многу убав. За песните воопшто и не станува збор, рече тогаш пејачот.

Претходна статијаШабан Шаулиќ прват се расплака јавно кога почна да пее ова момче – снимка со 6 милиони прегледи!
Следна статијаТајната приказна за најголемиот хит на Шабан Шаулиќ ВИДЕО