Шабан Шаулиќ прват се расплака јавно кога почна да пее ова момче – снимка со 6 милиони прегледи!

0

Легендарниот пејач на народна музика, Шабан Шаулиќ кој загина во тешка сообраќајна несреќа важеше за „суров“ професионалец, но и голем емотивец.

Сопругата Гордана го барала за да го пречекаат во Белград кога ќе стета, но бил недостапен. Како што пишува српскиот портал, на семејството Шаулиќ им се јавил кумот кој им ја соопштил кобната вест, дека во болница по сообраќајката на Шабан му откажало срцето и починал.

Менаџерот кој синоќа го организирал настапот на пејачот, Богдан Марката, се огласил и кажал што точно се случило во болница.

-Пробале да го вратат во живот, но не успеале. Смртта се случила во болница и починал од срцев удар. Срцето го напушптило. Во контакт сум со неговото семејство од Хамург, ние сме сите тука.

Беше како и секогаш расположен, но немаше знак дека такво нешто ќе се случи. За жал, таква е судбината – рекол за „Премијер викенд специјал“ неговиот менаџер.

Како што информираат германските медиуми, пијан возач со автомобил од марката „маздљ“ удрил во неговиот автомобил. Иако лекерите дале се од себе да го спасат кралот, не успеале.

Кога ќе запееше во секој стих ги внесуваше и душата и срцето. Милиони плачеа со него. А како изгледа кога Шабан Шаулиќ плаче, кога кралот на народната музика ќе биде допрен до срцето со нечија песна, нечиј глас…, до толку да и тој шушти солзи.

Баш тоа се случи пред речиси 4 години, кога Шаулиќ беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Натпреварувачот излезе и започна да пее, а потоа се случи нешто што малку кој очекуваше. Големиот Шабан Шаулиќ не можеше да ги задржи солзите.

Ова видео до сега е прегледано 6 милиони пати.

Според неофицијални информации кои ги пренесуваат српските медиуми, Шаулиќ треба да биде погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта.

Претходна статијаНе можеше да ги задржи солзите – Загубата на Шаулиќ тешко го погоди и Дарко Лазиќ
Следна статијаШабан Шаулиќ: Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и тука сум како дома