Последните зборови на Шабан Шаулиќ упатени кон сопругата – ова го напишал за неа

0

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина денеска во тешка сообраќајна несреќа во Германија, а пред само три дена ѝ го честиташе 60. роденден на сопругата.

-Јас денеска кревам чаша за сите убави години кои се зад нас, и оние уште поубави кои ни претстојат! Среќен роденден, сакана моја Гордана – гласела честитката на пејачот пред три дена наменета на неговата сопруга Гордана, која ќерките Санела и Илда ја однеле на патување во Рим за роденденот.

Сопругата Гордана го барала за да го пречекаат во Белград кога ќе стета, но бил недостапен. Како што пишува српскиот портал, на семејството Шаулиќ им се јавил кумот кој им ја соопштил кобната вест, дека во болница по сообраќајката на Шабан му откажало срцето и починал.

Менаџерот кој синоќа го организирал настапот на пејачот, Богдан Марката, се огласил и кажал што точно се случило во болница.

-Пробале да го вратат во живот, но не успеале. Смртта се случила во болница и починал од срцев удар. Срцето го напушптило. Во контакт сум со неговото семејство од Хамург, ние сме сите тука.

Беше како и секогаш расположен, но немаше знак дека такво нешто ќе се случи. За жал, таква е судбината – рекол за „Премијер викенд специјал“ неговиот менаџер.

Како што информираат германските медиуми, пијан возач со автомобил од марката „маздљ“ удрил во неговиот автомобил. Иако лекерите дале се од себе да го спасат кралот, не успеале.

Претходна статијаРадмила Манојловиќ се прости од Шаулиќ: Ние треба да бидеме среќни и благодарни што Шабан на сите го одбележа детството, живот, љубовта, страдањата, тагата и радоста
Следна статијаСе огласи и директорот на Гранд Саша Поповиќ: Замина најубавиот глас на Балканот