Исповед на Едита од Министарке: Пеев, не знаејќи дали мојата мајка ќе го дочека утрото

0

Едита Арадиновиќ, поранешната фронтменка на популарната група „Министарке“, секојдневно го привлекува вниманието на јавноста со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.

Пејчката Едита Арадиновиќ ја напушти групата „Министерки“ и тоа го откри во порака на Инстаграм преку која се збогуваше со фановите.

Изминатите неколку месеци се шушкаше, а сега е потврдено дека Едита Арадиновиќ го ги напушта „Министерки“.

Таа во пораката која ја објави објаснува дека ова е еден од најтешките моменти во животот, но најави враќање на сцената и вети дека ќе биде креативна како никогаш досега.

Нејзината животна приказна Едита воопшто не е лесна. Во детството таа го изгубила својот брат кој многу го сакала, а пред само две години дознала дека нејзината мајка е тешко болна.

Таа дознала за болеста на нејзината мајка, во периодот кога почнала да работи како пејачка во популарната група.

Таа своевремено имаше изјавено дека тоа биле најтешките моменти во нејзиниот живот, морала да пее незнаејќи дали нејзината мајка ќе го дочека утрото!

Музиката и нејзината публика и помогнале да ги издржи тие тешки моменти.

Денес, судејќи по фотографиите кои Едита ги прикачила на нејзиниот Инстаграм профил, можеме да забележиме дека нејзината мајка веќе се чувствува подобро, и конечно ни е јасно од кого оваа „министерка“ ја наследила нејзината убавина.

Ние навистина останавме без зборови, бидејќи навистина е неверојатно како изгледа нејзината мајка по сето тоа кое го проживеала. Таа изгледа како девојка, кој би рекол дека има ќерка која е на возраст како Едита.

Нејзините фанови веднаш ја забележале неверојатна сличност помеѓу мајката и ќерката и прокоментирале дека Едита е убава како мајка и!

Претходна статијаСнег на неколку патни правци- еве каде вее во моментов
Следна статијаПолковник Тефик беше во брак со најубавата турска актерка од која се разведе, а имаат и две ќерки близначки