Бурни и жестоки реакции – Таткото на Адам Лабунски се испокара со жирито на Ѕвездите на Гранд

0

Наредната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, судејќи по најавите, ќе биде интензивна како ниедна досега.

Имено, оваа сабота гледачите на овој музички натпревар ќе имаат прилика да го видат Ѓорѓе Давид како вика на таткото на нашиот кандидат Адам Лабунски, односно фолк пејачот Ибро Лабунски, бидејќи го изнервира со одлуката синот да ја смени песната која му ја одредил менторот да ја пее и месеци наназад ја подготвувал.

-Дечко, полека, застани малку! – му кажа тој на музичарот.

-Ма, каков бре дечко?! Прво,јас не сум дечко. Ти си за мене дечко, бре! – продолжи со висок тон да му се обраќа Ѓорѓе.

Освен тоа, публиката ќе има прилика да ја слушне Марија Шерифовиќ која имено е ментор на Адам, како му порачува дека изборот на песната е прилагоден според вокалните способности, иако е како нејзе да и кажат „да се соблече гола и да ја глуми Мерлин Монро“.

На ова Јелена Карлеуша и одговори дека во случај таа тоа да го направи, ќе си ја избричи главта. Овој настап на Лабунски и конфликтот со Ѓорѓе ќе го гледате оваа сабота.

Инаку, таткото на Адам е константна поддршка на својот син во Белград.

Знаеме дека Ибро и неговиот син Адам Лабунски се популарни пејачи во Македонија, но тешко да можеме да разбереме зошто постариот Лабунски, таткото на Адам пред некоја вечер се поткачи со Јелена Карлеуша, која е член во жирито на “Звезде Гранда”?

Во тоа популарно шоу сега се натпреварува и неговиот атрактивен син Адам, кој одлично се вклопи во програмата и кој со својата појава, како што велат многумина го освежи натпреварот. Тој по настапот на неговиот син рече дека Адам може да е голема ѕвезда, но дека не ги слуша неговите совети и дека не сака да работи на пеењето.

На ова доби критики од Јелена Карлеуша, која му рече дека во шоуто не е важен тој, туку дека е важен неговиот син Адам . – Ти си роден да бидеш ѕвезда, ти се смее ѕвездата, а доколку татко ти беше паметен ќе беше сега голема ѕвезда. Така да не го слушај татко ти, биди свој и ќе успееш во оваа работа“, рече Карлеуша. А, срцето на Ибро не издржа, па на мега популарната “мала од скандала” опасно и возврати:

Јас сум ѕвезда во Македонија и во македонската дијаспора, а да живеам во Србија, јас би ви покажал како се пее….Инаку, Адам во шоуто ги испеа песните „Понос“ и „Сам сам“, и доби 4 гласа, од Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Јелена Карелуша и Вики Миљковиќ. Сепак, Адам ја избра Марија Шерифовиќ за свој ментор, а не ја избра Карлеуша.

Претходна статијаДоктор Ридван Бајрами за Женски магазин: Не сакам кога во јавноста нас докторите не прикажуваат како херои
Следна статијаЖените ги пронаоѓам на Интернет, сите се мажени и сите сакаат само една работа