Ќе се соочат на суд – Огњен Врањеш поднесе кривична пријава против Јелена Карлеуша

0

Фудбалерот Огњен Врањеш поднесе кривична пријава против Јелена Карлеуша, како и уште две дополнителни тужби, со вкупен износ на отштетата од неколку милиони евра.

Скандалот во кој главни учесници се токму Врањеш и Карлеуша предизвика естраден земјотрес, но се чини дека ќе добие судски епилог.

Врањеш е решен да ја истера правдата до крај, поради заканите на Јелена Карлеуша, во кои тој препознал и ризик за својот живот во раното соопштение на пејачката веднаш по појавувањето на фотографиите во јавност:

„Ги жалам твојата жена и детето. Но, како што ти го повреди моето семејство, така сега ќе ти се врати уште полошо на твоето. Бегајте! Отселете се што побрзо. Ова го направи за да ме казниш затоа што те одбив.

Мој совет е да се убилеш веднаш…“, пишувало меѓу другото во обраќањето на пејачката, а фудбалерот по овој натпис се почувствувал загрозен и сака да го заштити и своето семејство.

По скандалот што повеќе од еден месец е тема број еден на голем број регионални медиуми, фудбалерот Душко Тошиќ одлучи да ја казни сопругата Јелена Карлеуша, но не со развод (барем не засега!), туку со санкции.

Имено, тој се откажа од идејата да вложи 300.000 евра во вилата на Дедиње, која ја купи од бившиот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси, во која, по реновирањето, Јелена требаше да се всели со нивните ќерки најдоцна до пролетта. Но како што стојат работите, тоа нема да се случи наскоро…

Јелена имаше ‘луди’ идеи кога станува збор за реновирањето на вилата што Душко ја купи од Пикси. Сакаше да урива ѕидови, да гради спа-центар, да купува прескап мебел. Според првичниот план, сето тоа ќе го чинеше Душко 300.000 евра. Пред аферата со Врањеш, тој сакаше да и’ ја исполни секоја желба, но сега одлучи да и’ ја затвори чешмата“, открива за „Информер“ извор близок на семејството Карлеуша-Тошиќ.

Иако му се „смешка“ продолжување на договорот со кинескиот ФК Гванџу вреден 8.5 милиони евра, Душко од инает одлучил да и’ воведе санкции на својата сопруга.

Нему не му е проблем да ги финансира сите каприци на Јелена, но намерно сака да ја казни поради скандалот што го предизвика нејзината афера со Огњен. Затоа одложи се’. Но, каков што е, на крај сепак ќе и’ попушти, но засега ништо од преселувањето напролет. Вилата на Дедиње е празна“, пренесува изворот.

Претходна статијаВозачот на автобусот Бојан сака да ја види водителката на која и ја откина раката
Следна статијаКемал од Карасевда заедно со сопругата во ново интересно издание во исчекување на нивното прво дете ФОТО