Возачот на автобусот Бојан сака да ја види водителката на која и ја откина раката

0

По морничавата сообраќајна несреќа и тешката операција, познатиот лекар ги открил деталите.

Доктор Марко Бумбаширевиќ, познатиот микрохирург опишува како поминала операцијата на водителката Деа Ѓурѓевиќ, на која автобус вчера изутрина ѝ ја откина раката во сообраќајна несреќа. Докторот звучел среќно и задоволно што оваа тешка операција успеал да мине успешно.

– Јас сум мртов уморен, испотен, а дури и немаше време да се пресоблечам. Одлична ја споивме откинатата рака. Се разбира, се’ уште ќе треба да се следи, но очекуваме да биде во можност сосема нормално да ја користи – изјавил хирургот.

„Се работеше за сосема откината рака од лактот кон рамото… Покрај тоа што беше откината, раката беше и изгорена. Сепак, успеавме да ја спасиме, да и ја сочуваме и зашиеме и тоа многу успешено – додал докторот.

Кога го прашале колку многу такви операции извршил досега, основачот на микрохирургија во Србија, д-р Бумбаширевиќ само се насмеале.

– Не можам ни да се сетам, ги има толку многу. Веројатно сум ги направил доволно, штом ме избраа за претседател на Европската асоцијација за микрохирургија – одговорил тој со насмевка.

Операцијата, заедно со проф. Бумбаширевиќ ја извеле и првиот помошник Чедомир Вучетиќ, асистентот Палибрик, д-р Александра Петровиќ и д-р Шарац од ВМА.

Возачот на автобусот кој во четвртокот во шест наутро и ја откина раката на водителката Деа во Белград, сака да ја посети по несреќата.

БОјан Јовановиќ е уште во пок по несреќата и сака да ја види водителката за сам да се увери дека е добро.

– Тоа утро возел полека и сакал да ги избегне автомобилите, вели неговиот татко Милан.

Вели мојот син е свесен возач кој вози со години.

До несреќата дојде откако водителката имала судар, по што излегла да се договори, а автобусот налетал на неа.

Водителката Деа Ѓурѓевиќ која вчера се разбудила по операцијата прво што им кажала на лекарите било:

-Фала на Бога што сум жива…

Претходна статијаСамо три се во цел Зодијак – Во овие хороскопски знаци се раѓаат најубавите личности
Следна статијаЌе се соочат на суд – Огњен Врањеш поднесе кривична пријава против Јелена Карлеуша