Карлеуша плаче и моли да ја остават на мир, а нема да ви се верува што прави Врањеш

0

Видно расположен танцува и се смее во својот автомобил

И додека Јелена Карлеуша од Кина ги моли српските медиуми да ја остават на мир по обелоденувањето на аферата со Огњен Врањеш, босанскиот фудбалер си снима видеа во својот автомобил и си пее.

Имено, пред повеќе од 30 минути Врањеш на својот Инстаграм профил кој во моментов брои над 100 илјади следбеници објави кратка стори приказна на која се гледа како видно расположен пее и танцува во својот автомобил, притоа ставајќи им до знаење на сите дека оваа ситуација многу не го погодила.

Дали ќе се огласи Карлеуша после ова, останува да видиме.

Се гледаат на разни локации. Најпрвин тајно, на скриени и изолирано места, но ѓаволот и страста набрзо доаѓаат по своето. Стануваат невнимателни. Ноншалантно се снимаат во Атина каде Огњен игра за АЕК, некаде кон средината на 2017 година, и тоа на сред Акропол.

Снимките кои деновиве ги преплавија сајтовите во Србија ја покажуваат Јелена која снима и нови селфи стап, додека пак фудбалерот и ги носи високите потпетици во рака.

Не се плашат дека некој ќе ги препознае. Впрочем, Огњен е стар колега на Душко, семеен познаник. На прошетка двајца пријатели, што има чудно во тоа?

Откако ја преживеале оваа невнимателност, крвта им „удира“ во глава. Колку е поголем ризикот, толку е поголема страста. Се гледаат дури и во домот на Карлеуша во Белград. Почнуваат да разменуваат видеа и фотографии. Карлеуша му порачува: Верувај во нас!

Огњен станува љубоморен затоа што Јелена се појавува во телевизиски емисии со Душко и зборува колку се среќни и заљубени.

Едно зборуваш, друго правиш, и замерува Врањеш.

Јас со Душко се карам, но кога ќе се вклучат камерите ние се фолираме, тоа е фарса за медиумите, го убедува Јелена.

Но, Огњен е оженет, а Карлеуша мажена. За сето ова време што се случува со неговата сопруга Данијела и нејзиниот сопруг Душко: Зарем не знаат? Добро упатените велат дека Данијела отсекогаш се сомневала во верноста на Врањеш, додека, пак, Душко немал време за сомнежи. Него подоцна вистината ќе го удри во глава.

Огњен и Јелена продолжуваат со романсата, но караниците и испадите на љубомора се се’ почести и посилни.

Ако ти така лесно креваш раце од мене, тогаш јас не треба да сум со тебе. Поради тебе не можам да спијам, се нервирам. Тешко ми е затоа што те сакам, не ме отргнувај од себе, му вели Карлеуша.

Врањеш најпрвин ја игнорира, па плаче, па пак игнорира, па и се извинува… И се така во круг!

Во меѓувреме стануваат невнимателни и видливи. Цел Белград дознава за нив, или барем мисли дека знае. Емоциите крчкаат, се ближи експлозија. Сите кои знаат за нив го гледаар тоа, освен личностите кои се во центарот на љубовниот ураган, заслепени од страст и љубомора.

Душко почнува да се сомнева, дознава од пријатели за нивната романса. Со Јелена се соочува на 3 јануари, бара од неа да му го покаже својот мобилен телефон. Откако одбила, и го земал од раце и се заклучил во тоалетот. Во телефонот биле сите содржини кои денес кружат низ сајтовите. Неверство, разочарување, предавство…

Само десет дена подоцна триаголниот Врањеш – Карлеуша – Тошиќ е во центарот на вниманието ширум регионов. Јелена го гаси Твитер налогот и бега кај Душко во Кина. Пред нив е последниот чин од драмата – дали Душко навистина ќе и прости?

Претходна статијаОва треба девојките да го стават под перница, а во сабота мора да замесат тесто за Водици
Следна статијаСе огласи и мајката на Карлеуша – Дивна упати многу интересна порака