Пејачот Дарко Лазиќ и Милица Тодоровиќ пред 8 години имале тешка сообраќајна несреќа кога автомобилот им се превртел три пати и удрил во „банкина“.
Пред 8 години патувале на закажен настап, а поради врнежливото време и влажниот коловоз Дарко ја изгубил контролата на автомобилот.
„Верувам и сигурна сум дека Дарко ќе се извлече бидејќи и е борец и од овој проблем ќе излезе како победник. Точно е дека имавме сообраќајка пред седум години. Три пати ни се приврте автомобилот и удривме во „банкина“, но за среќа поминавме без гребнатини“, вели пејачката.
Познатата српска пејачка Милица Тодоровиќ во емисијата „Амиџи Шоу“ кај Огнен Амиџиќ откри дека доживеала сообраќајна несреќа со Дарко Лазиќ пред околу 8 години.
-Имавме сообраќајна несреќа во 2011 година. Бевме за пат кон Јагодина, а Дарко возеше, беше сончев ден, па започна да паѓа дожд.
Дарко возеше околу 170, 180 километри на час, а јас цело време го опоменував да ја намали брзината, раскажува Милица.
-Како што паѓаше дождот, му надојде велосипед од левата страна и започнавме да се вртиме. За среќа во тој момент како некој да го прекинал автопатот и немаше ниту едно возило. Помислив ако некој не удри ќе не однесе до бугарска граница, но за среќа ништо не се случи, ниту гребнатинка на нас, раскажа Милица.