Овие женски хороскопски знаци носат среќа во животот

0

Доколку вашата поубава половина е еден од овие три знаци во хороскопот, ќе имате среќа.

Стрелец

Во сечија животна приказна постојат настани кои се паметат цел живот, а денот кога прв пат ќе ја бакнете оваа огнена кралица со леден поглед, тоа ќе биде едно од вашите најдраги сеќавања. Доколку сте имале среќа жена во знакот Стрелец да ве одбере и да ве засака, сте на половина пат до рајот.

Многу е лесно да се заљубите во жена со хороскопски знак Стрелец. Таа блеска со својата појава и ги остава мажите хипнотизирани. Ја сака забавата, авантурите и е голем идеалист. Стрелците го набљудуваат светот околу себе и ако вие сте вистинскиот маж за неа, таа ќе сака да станете составен дел од нејзиниот живот.

Но, ако не сте вистинскиот за неа, очекувајте обратно сценарио. Поради тоа, немојте да бидете изненадени доколку таа избега од вас, додека вие се обидувате на секој можен начин да ја заведете и да го освоите нејзиното срце.

Женат Стрелец е тешка за освојување, бидејќи таа прво ја посматра нејзината околина и ако сте вие среќниот избраник, самата ќе се погрижи да ви се приближи. Таа се бори за она што го сака, но додека не го најде она што ѝ е потребно, таа постојано ќе биде во движење. Прашање е дали вие можете да го издржите нејзиното темпо?

Како и останатите огнени знаци, таа сака да апсорбира што е можно повеќе убавини од животот. Колку повеќе учи нови работи и доживува нови искуства, толку посреќна се чувствува. Нејзиниот идеализам и филозофска природа ѝ овозможуваат да размислува пошироко и рационално. Нејзината љубопитност ѝ создава постојана жед за нова возбуда, ново патување, нова авантура. Доколку сакате да ја освоите, треба да се упатите кон правецот во кој таа веќе е тргната.

Овие жени се многу директни, брутално искрени и не размислуваат два пати пред да го кажат она што го мислат. Тие може и да не чекаат потег од ваша страна, туку самоиницијативно да ве поканат на состанок. Ако гледате дека е зазборена со другарките и не ве погледнува, тоа може да е знак дека сè уште ве нема забележано. Ако тоа е случај, ќе морате да се потрудите да ве забележи.

Бидете оној кој е во центарот на вниманието, но не го правете тоа наметливо, туку суптилно и со стил. Кога ќе констатирате дека ве забележала и сè уште е зафатена разговарајќи со пријателите, тогаш почекајте до оној момент кога ќе мислите дека можете да ја прекинете или да ја начекате на само. Подајте ѝ парче хартија со вашето име и број, насмевнете ѝ се и заминете си.

Таа ќе ви донесе толку возбудување и позитивна енергија, што ќе ви требаат три животи за да го потрошите сето тоа. Ќе го исполни вашиот живот со среќа, љубов и сила, а нејзиниот ум и бескрајна креативност ќе ви донесат целосно нова свежина во заедничкиот живот и работата.

Совршен спој на љубовница и пријател, таа прекрасно и предано ќе биде одличен пример за децата кои ќе ја сакаат како самиот Бог.

Лав

Таа ќе го претвори вашиот живот во најубава љубовна приказна, ќе ја стопли вашата душа и ќе ви отвори нови погледи на животот, за какви не сте ни сонувале. Како девојка и сопруга таа ќе биде скапоценост која со задоволство ќе ја покажувате, но и љубоморно ќе ја чувате од погледите на другите бидејќи нејзината величественост нема граници.

Ќе ја обожуват ќе се потпирате на неа бидејќи таа е онаа која никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник.

Со овој хороскопски знак владее Сонцето, средиштето на Универзумот и во склад со тоа, Лавицата обожава да биде во центарот на вниманието и тоа секогаш и оди од рака. Кога е лута, најлесно ќе ја смират комплименти и подароци. Има силен дух и сака да победува, а благодарејќи на својата интелигенција, досетливост и креативност – нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Независна и со изразена индивидуалност, Лавицата бара партнер кој и самиот ги има овие карактеристики. Не и треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да и дозволи таа да блесне со сиот свој сјај. Во врската сака секогаш да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да промени нешто и да ги направи работите малку подраматични.

Таа е вашиот животен сопатник, пријател, соборец во љубовта и проблемите, личност без која нема да можете да си го замислите денот. И самите ќе сфатите дека никој нема поискрено и пореално да ве сака од неа, бидејќи нејзиното срце е искрено, несебично и смело, а нејзиниот лик, тело, поглед и глас ќе бидат вашата душевна храна и дрога.

Рак

Ракот е единствено и неповторливо добро битие, лојална и приврзана, дама за пример. Таа во вашиот живот целосно ќе ги промени законите на физиката и ќе го преврти вашиот живот наопаку. Таа е во состојба од било која куќа да направи дом и да ви пружи искрена топлина во секој аспект од животот.

Во креветот е истовремено нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвидлива. Нејзините бакнежи не може да ги купи целото злато на светот. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки.

Совршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм кој го носи како вистинска дама, природно и спонтано. Таа е вредна и сестрана, за себе посакува маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.

Претходна статијаМетеоролозите најавија студ и пола метро снег – од петок промена на времето
Следна статијаГо молев да намали, возеше со над 180 км на час – Милица Тодоровиќ со страшни детали од несреќата со Дарко Лазиќ