Шабан Шаулиќ после 30 години проговори зошто носел периката

0

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

По напуштање на регионалното шоу, Шабан откри непознати детали за ова музичко шоу.

Тој истакна дека го напуштил шоуто бидејќи не можел да поднесува како неговите колеги ги навредуваат кандидатите кои се лошо облечени.

Шабан Шаулиќ ја изгубил својата коса некаде околу 70-те години, а по наговор од неговиот пријател почнал да носи перика, а неговата ќерка Илда Шаулиќ се сеќава на тој период и открива дека таа негова мода влијаела на неа. Шабан вели дека периодот кога носел перика не му е баш драг, а неговата ќерка открива повеќе семејни детали:

-„Природно реагирав кога ја отстрани периката. Сите го поддржавме. Зошто да не?“- вели Илда. Шабан вели дека едвај чекал да се ослободи од периката:

-„Едвај чекав да се ослободам од тоа. Сега ми е многу жал што ја носев таа глупост. Буквално се препородив кога се ишишав ќелаво. Тогаш бев најсреќниот човек на светот. И морам да признаам дека се каам што некогаш носев перика.

Признавам дека мака мачев со тоа. Во еден период од животот почнав да ја губам косата, а подоцна моите пријатели и мојот тогашен менаџер ме наговорија да ставам перика.“- изјавил Шабан.

Шабан Шаулиќ неколку години беше член на жирито од „Ѕвездите на Гранд“ за потоа да замине со „Пинк ѕвезди“, додека пак сега одбива да учествува во било кое шоу од таков тип.

-Сакав да му помогнам на Саша Поповиќ на почетокот. Тогаш се бараа адекватни луѓе за натпревар , се сеќава Шабан во интервју за српски Курир. Шабан за почетокот на новата сезона од „Ѕвезите на Гранд“ своето заминување го образложи со зборовите.

-Тогаш тоа се претвори во ријалити, излегов од причината што веќе не можев да поднесам. Тоа едноставно не беше за мене, не му прилега на мојот карактер да изигрувам дворски шут, беше остар Шабан.

Претходна статијаОгромно благодарам Министре Венко Филипче што ми го спаси детето
Следна статијаСе сеќавате ли на малиот Трајче од Струмица – погледнете како изгледа денес