Кежаровски: Срушивме ли режим за Мијалков, Камчев и Мукоски да ги задржат бизнисите и милијардите

0

По амнестирањето на дел од учесниците во „27 април“ денес новинарите најавија дека ќе поднесат тужба против државата за настаните од крвавиот четврток, а по тој повод, гостинот во Централниот дневник на 1ТВ беше Томислав Кежаровски.

– „Имаме ситуација во која Мукоски и Василевски се веќе неосудувани, јас сум правосилно осуден. Значи ние сме криминалци они чесни.

Петта година чекам од Врховен да се произнесе по жалбата, тие молчат како риба и од вчера реков дека ќе применам нова тактика и ќе ги прашам за колку години ќе го решите случајот.

Дури јас во една прилика јавно и пред министри реков се согласувам со цела моја морална и било каква одговорност, да ми ја одбијат жалбата со образложение дека сум виновен, за да можам да ги искористам меѓународните институции.

На Мијалков и Камчев ќе им останат милијардите и бизнисте, на Мукоски тендерите, на Канческа гардеробата купена со државни пари, а нас надежта дека некогаш ќе имаме правна и праведна држава“, рече тој.

Претходна статијаОвој викенд конечно среќата ќе им се насмевне на овие хороскопски знаци
Следна статијаЅвездите им се така наклонети – Само овие хороскопски знаци имаат среќа да се збогатат преку ноќ