Тошо Малерот ужива со семејството во Австралија ФОТО

0

Семејна фотографија објави неговата избраничка Марија Христова со која стапи во брак во 2015 година.

Васко Тодоров или едноставно Тошо Малерот се јави со нова фотографија од Австралија, каде се пресели пред неколку години. Семејната фотографија ја објави неговата сопруга Марија Христова, со која се ожени во 2015 година.

Васко Тодоров од серијалот „К-15“ живее во Мелбурн, а лани беше дојден во Скопје и речиси секој ден го минуваше во средби со своите стари пријатели.

Тошо Малерот, заедно со Цацко (Бубо Каров) и Миле Паника (Бранко Огњановски) со години ја засмејуваа македонската публика.

Тодоров живее во Мелбурн. „Одамна си забранив било какво планирање затоа што секогаш кога сум планирал нешто излегувало обратно! Мислам дека во Македонија да испланираш нешто и тоа да се реализира, спаѓа во научна фантастика!

Моето искуство е такво и на сите што ги знам, секоја чест на исклучоците“, изјави Тодоров во едно интервју запрашан дали планира да се врати во Македонија.

Претходна статијаАкушер од Велес за да породи жена побарал 50 евра – ги добил, а сега моли да ги врати
Следна статијаШабан Шаулиќ oткри непознати детали за „Ѕвездите на Гранд“ : Саша Поповиќ кажуваше кој ќе помине понатаму