Еден од најмоќните луѓе на естрадата и шоубизнисот дефинитвно е Саша Поповиќ.
Неда Украден важи за една од најголемите ѕвезди на југословенската музика, а во прилог на тоа говори не само тоа што успеа да остане актуелна и денес, туку и податокот за повеќе од два милиони продадени носачи на звук од крајот на 60-тите години на минатиот век до сега.
За љубовната приказна на пејачката, не се споменуваше само нејзиниот поранешен сопруг Милан. Имено, како што пишува „Глоси“, во текот на 80-тите, Неда била во врска со Саша Поповиќ.
Поповиќ тогаш „жарел и палел“ ширум Југославија како член на „Сладок грев“, кој ја придружуваше Лепа Брена.
Како што пренесува медиумот, Неда и сегашниот директор на „Гранд“ биле во врска по нејзиниот развод, за потоа тој да почне врска со Злата Петровиќ, пред да се ожени со Сузана Јовановиќ.Директорот на „Гранд“ неодамна преживеа драма кога крадци ја ограбиле семејната вила на Бенжаниска коса. Украдени се работи во вредност од неколку 10 000 евра, па Саша и неговата сопруга мораа да сведочат на суд.
Меѓутоа, Поповиќ сега одлучи да се почасти со скапочен часовник. Како што пишува „Скандал“, Саша за новиот часовник издвоил 40 000 евра.
За истите пари може да се купи и помал стан во Белград.
Саша Поповиќ е еден од најуспешните луѓе од српскиот шоубизнис. Директорот на „Гранд“ продукција, кој низ емисијата „Ѕвездите на Гранд“ откри многубројни музички имиња, со музика започнал да се занимава уште како млад.
На друштвените мрежи се појави фотографија од Поповиќ на матура.
Сопругата на Саша Поповиќ, директорот на Гранд, со гордост зборува за него, но ретко говори за својот прв брак. Сузана Јовановиќ која е деветнаесет години со Саша, претходно беше во брак од кој го има својот син Даниел.
– Татко е оној кој се грижи за вас, ве сака, ве образува…Сале е се тоа за моето дете. Секогаш вели Даниел е мој син, вели Сузана.
Таа вели дека е среќна што нејзиниот син е на прав пат, што се бори во животот и вели дека не сака да се експонира во јавноста.
– Мили ми е кога ќе слушнам пофалба, не ни сакам да го спомнувам поранешниот сопруг. Моето дете има татко и тоа е Саша, изјави таа.