Каролина Гочева предновогодишно со длабоко деколте без градник (ФОТО)

0

Македонската пејачка Каролина Гочева повторно објави фотографија без градник, облечена само во сако со длабоко деколте.

Пејачката фотографиите од нејзините фотосесии за рекламни кампањи ги објавува на својот Инстаграм профил, а од фановите добива само позитивни коментари.

На крајот од месец јануари од претстојната 2019 година, нашата популарна пејачка Каролина Гочева ќе настапи на првите „Music awards ceremony“ каде ќе се слушне најдобрата музика од регионот, а ќе се одржи во Штарк Арена во Белград.

Оваа информација Каролина ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи на кои им соопшти дека и е чест и задоволство што ќе биде дел од овој настан.

Во меѓувреме, македонското девојче е доста активно со изработка на нови фотосесии за брендовите чие заштитно лице е.

Многупати сме пишувале дека ако не беше пејачка, Каролина сигурно ќе беше меѓу најуспешните модели, а тоа постојано го потврдува со перфектните модни фотографии кои ги објавува на своите профили на социјалните мрежи.

Дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја приложена фотографија, па дури и кога треба да открие повеќе гола кожа на себе.

Во една од поновите фотографии таа рекламира накит, а под црвеното сако не носи градик и ја нагласува женственоста и сензуалноста.

Погледнете:

Извор: Вистина

Претходна статијаОмилен кај фолк пејачките – погледнете како изгледал Саша Поповиќ кога бил млад
Следна статијаКакви подароци сакаат хороскопскци знаци за Нова Година: Биковите украси, Близнаците мобилен