18 години по свадбата Драгана Мирковиќ ги открива причините зошто нејзините родители не присуствуваа

0

Драгана Мирковиќ се омажи со сопругот Тони во 2000-та година, а среќните маладоженци на за нив големиот ден не ги симнуваа насмевките од своето лице.

Сепак, како што истакна фолк пејачката, на нејзината венчавка сепак нешто недостасувало… нешто што многу и фалело.

„Кога ме побара, реков “ДА” и дома испратив само една фотографија на која сме јас и Тони. Склопивме брак во општината, направивме скромна прослава. Беше тоа време на санкции, никој од моето семејство не можеше да дојде бидејќи не можеа да добијат виза.

Тони е австриски државјанин од раѓање, ама јас не сум, и затоа не можев да обезбедам визи за моето семејство, за татко ми, мајка ми, сестра ми. И поради тоа имавме само скромен број на гости“ – изјави неодамна Драгана, додавајќи:

„Дури и од семејството на Тони не можеа да дојдат сите. Така што бевме едвај дваесеттина од нас, но без оглед на тоа, за мене беше најубавото и и најромантична свадба, бидејќи јас сум искрено вљубена и сакав само да бидеме среќни…

За мене во тој момент тоа беше доволно, иако навистина семејството ми недостигаше“ – откри неодамна Драгана.

Пред Тони, Мирковиќ имала љубовна врска која траела десет години. Станува збор за некогашен бизнисмен, политичар и естраден менаџер Зоран Башановиќ. Зоран и Драгана биле заедно во текот на 90тите. Во тоа време, Башановиќ не само што и бил момче на Мирковиќ туку и нејзин менаџер. Имале успех на приватен и професионален план, а кон крајот на претхохдниот век ставиле крај на љубовниот однос.

Подоцна, фолк ѕвездата го запозна Тони, за кого се омажи во 2000 година и ги имаат ќерката Мануела и синот Марко.

Вашановиќ во интервју во 2010 година изјави дека во една прилика тајно се венчале со Драгана.

„Многу време поминувавме надвор од државата, а кога не работевме одевме некаде каде што имавме мир. Постојат туристички венчавки на далечни дестинации каде што луѓето се венчаат на шега. Така, Драгана и јас се венчавме во една црква во Лос Анџелес, но тој брак не важи. “ вели поранешното момче на фолк ѕвездата.

Пред седум години, Башановиќ се омажи со Бојана со која има ќерка.

За потсетување, Драгана потекнува од Касидол, но заедно со семејството живее во Виена. Нејзиниот сопруг Тони и е најголема поддршка, а фолкерката му има и посветено песна „Једини“.

Претходна статијаЕвропската земја во која платата е 1.400 евра, а работници нема
Следна статијаНаум Петрески: Немаше посреќен човек од мене кога дознав – внуката нека биде убава на мама