По расправијата со Цеца заврши во болница – Најнови детали за здравствената состојба на фолк дивата Драгана Миркович

0

Непријатната средба меѓу Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ предизвика бура во медиумите.

По расправијата, колешките започнаа јавна војна, што на една од нив и го загрози здравјето, пишува српски „Ало“.

Како што дознава порталот, на Драгана и се слошило по зборовите на Цеца, па завршила во болница.

-Само неколку часа откако Светлана Ражнатовиќ го искористи собирањето на новинарите за својата куќна слава за да ја нападне вербално Драгана, на фолк пејачката и се слошило во нејзиниот дом во Виена, по што е пренесена во болница.

Драгана од утрото имала проблеми со притисокот, како и со штитната шлезда, поради што семејството дополнително се загрижило.

Во моментот на прием Драгана имала висок притисок, главоболка и забрзана работа на срцето.

По укажаната прва помош, лекарите одлучиле да ја задржат пејачката во болницата за да ги направат сите анализи. По повод целата ситуација се огласи и ПР тимот на пејачката и открива како се чувствува Драгана.

-Сега можеме да ви кажеме дека Драгана се чувствува подобро и дека сме уверени дека ќе биде се во ред, порачува лицето за односи со јавноста.

Потсетуваме, големо внимание привлече средбата на Драгана и Цеца, кои неодамна се сретнаа на едно снимање и во таа прилика имаа непријатен разговор.

Претходна статијаСела: Тој што ја отвори вратата ќе се амнестира, тој што ме спаси нема
Следна статија(ФОТО) ЗГОДНА И КОГА Е БРЕМЕНА: Снаата на Брена го покажа трудното стомаче