Зоран Василевски, eстрадниот новинар, вечерва беше нападнат пред познат скопски ресторан од асистентката на Елена Ристеска – Елеонора Неделковска, тврдат од „1ТВ“, каде што новинарот е моментално вработен.
„Сакавме да ја снимаме Елена Ристеска пред еден познат скопски ресторан, но бевме нападнати од асистентката на пејачката. Прво го нападна снимателот, па потоа и мене.
Bese luda nok bravo za policijata
Публикувахте от Zoran Faci Vasilevski в Петък, 14 декември 2018 г.
На колегата му ја бутна камерата, а мене ме фати за врат. Не навредуваше со најпогрдни зборови, а Ристеска само седеше во ресторанот и набљудуваше.
Веднаш се јавив во полиција за да го пријавам инцидентот и оставам на надлежните институции да го расчистат случајот“, изјави Василевски за 1ТВ.
Беше луда ноќ, сподели водителот на „Фејсбук“ каде упати и пофални зборови до полицијата.