Александар Белов откри што ќе прави на 33 години – ако кажам повеќе, нема да биде изненадување

0

„ Само една е вистинската среќа во животот. Да сакаш и да бидеш сакан. Јас ја имам таа среќа повеќе од пет години.Ти благодарам Јелена“, вели поп-пејачот Александар Белов, кој со неговата девојка Јелена Станковиќ прослави пет години.

Поради Јелена, Белов се пресели во Србија, и сега заедно живеат во нејзиниот роден град, Крагуевац. За Женски магзин, пејачот на ќега изјави дека неговиот дом сега е автопатот Е-75, поради тоа што паралелно настапува и во Македонија и во Србија.

„ Таа далечина беше мал непријател во нашата врска. Веќе извесен период имам два дома,едниот ми е во моето Неготино, а вториот ми е во Крагуевац, но како што тргнало, автопатот Е-75 ми е оној вистинскиот (се шегувам). Скопје ми недостига и еден куп драги луѓе кои се таму, но секогаш наоѓам време да дојдам.

Далечината сега е сведена на минимум, затоа што слободното време го користиме да сме заедно“, ни изјави Белов.

Неговата љубовна приказна со Јелена започна кога тој беше учесник во шоуто „Танц со ѕвездите“ кое се емитуваше на МТВ.

Целото интервју прочитајте го на „Женски Магазин.мк

Претходна статијаЗоки Фаци обвинува: Асистентката на Елена Ристеска ме фати за врат – веќе ja пријавив
Следна статијаВикторија Лоба откри: Во Новата 2019 година имам една многу голема желба