Таа е една од ретките пејачки во регионот која одолеала на трендовите на хирургијата.
Николина Ковач неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија ма која позира без шминка, покажувајќи дека и во вакво издание изгледа совршено.
Понекогаш помислувам дека е неправда пред сите девојки кои имаат природни атрибути , сите да мислат дека и тие се пластични.
Лично немам ништо против естетската хирургија, но ми пречи кога зборуваат дека и јас сум ги правела.
Би сакала девојките кои се природно убави тоа и да го промовираат на вистински начин, а не да бидат засенети од силиконските кралици.
Дали дошло време кога треба нам да ни биде непријатно што сме природни – напиша Николина на друштвените мрежи.