За овие работи се верува дека ќе ве бие малер ако ги направите во 2019

0

До Новата 2019 година нè делат уште помалку речиси 20 дена, а верувањата за годината која претстои се различни во целиот свет.

Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, Србите прасечко, Данците кршат чинии, Јапонците се смеат, а Американците се бакнуваат под имела…

Во Македонија има исто така различни верувања за среќна и бериќетна година, но за сите важат овие правила кои некако немојте да ги правите, затоа што ќе ве бие малер цела година…

Не се пере долна облека или чинии на 1 јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година
Ако во домот по полноќ прва им влезе личност со руса или црвена коса ќе имаат баксузен период.

Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа

Никако не позајмувајте пари на 31 декември ниту 1 јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми

Пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот

Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1 јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре.

Немојте да плачете, да кршите работи бидејќи било лош знак за годината што следи.

Претходна статијаОваа српска пејачка никогаш нема направено пластична операција – покажа каква е без шминка
Следна статијаПрвиот снег во Скопје се очекува денеска